29 Март, 2024
0.0281

Како малата банка ја прокнижи најдобрата добивка?

Објавено во: Економија 22 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Агресивен продор на кредитирањето проследен со значаен раст на депозитната база, преполовени резервации и најдобра полугодишна добивка во период од пет последователни години, ова се најважните информации од полугодишниот биланс на ТТК Банка, една од најмалите деловни банки во земјава, а најмалата банка чија акција котира на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност.

Во првите шест месеци годинава нето приходите од камати на ТТК Банка се 126,9 милиони денари и тие се пониски за 6,2 милиони денари (100.000 евра) во споредба со истиот период лани. Вкупните приходи од камати во овие шест месеци се за 3,3 милиони денари повисоки од истиот период лани. Нето приходите од камати се пониски заради зголемените расходи за камати на банката. Според официјалните податоци вкупните расходи за камати се 8,9 милиони денари повисоки во однос на истиот период лани и изнесуваат 35,8 милиони денари. Тоа можеби е и очекувано кога од билансот на состојба ќе се види дека депозитната база на банката пораснала за 15 отсто односно за 754,3 милиони денари. Во овој период втората приходна ставка исто така бележи намалување и нето приходите од провизии и надоместоци на банката изнесуваат 62,2 милиони денари и се за 10 милиони денари пониски од истиот период лани. Во овој период банката успеала минимално да ги намали и расходите за надоместоци и провизии. Од коментарот на резултатите даден од менаџментот не може да се извлече заклучок дали приходите се намалени заради тоа што е намален обемот на работа на шалтерите и на клиенти на банката или пак тоа се должи на намалени цени на услугите што банката ги нуди со цел да привлече повеќе клиенти.

Резервациите преполовени, како квасец за добивката

Резервациите што банката ги издвојува за кредити во првите шест месеци годинава се 30,7 милиони денари и се преполовени во споредба со истиот период лани кога за таа намена банката издвоила 62,2 милиони денари. Ова е клучен фактор заради кој банката го има најдобриот резултат во период од 2013 до 2017 година. Добивката на ТТК Банка за периодот јануари – јуни е 35,7 милиони денари и во споредба со истиот период лани овој резултат е подобар за 4 пати. Годинава банката го надмина најдобриот резултат за полугодие што беше постигнат во 2013 година кога добивката изнесуваше 34,5 милиони денари.

Кредитирањето порасна за 13,4 отсто

Во првите шест месеци годинава банката агресивно настапила на кредитниот пазар и нејзините резултати се видливи преку растот на пласмани од 453 милиони денари (околу 7,5 милиони евра) до ниво од 3,841 милијарда денари. Од овие податоци јасно е дека интенцијата на менаџментот била во овој период да се зголеми кредитното портфолио и да се зголеми пазарното учество на таа банка.

Освен кредитните пласмани значајно пораснаа и вложувањата во хартии  од вредност (во најголема мерка државни хартии од вредност). Нивниот износ на крај на јуни е 1,4 милијарди денари и во споредба со истиот период лани е повисок за 236 милиони денари. Овие податоци покажуваат дека пласманите на банката во првото полугодие пораснале за 11 милиони евра во споредба со лани.

Паралелно со кредитирањето пораснала и депозитната база на ТТК Банка за 15 отсто до износ од 5,79 милијарди денари со што се преближува до вредност од 100 милиони евра. Во споредба со истиот период лани депозитите пораснале за 754,3 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра