25 Април, 2024
0.0268

Како малечката банка ги направи големите пари?

Објавено во: Економија 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Солидно кратење на останати расходи од дејноста и дуплирање на останатите приходи доведоа до најдобриот резултат во десетгодишната историја на ТТК банка

ТТК банка, која по сите банкарски параметри важи за една од најмалите деловни банки на нашиот пазар, лани оствари фантастична добивка во нето износ од 83,6 милиони денари што за повеќе од двојно односно за 45,5 милиони денари подобар резултат од профитот остварен во 2015 година кога банката заработи 38,1 милиони денари.

Останатите приходи и кастрењето на трошоците се добитна комбинација

Од податоците во финансиските резултати се гледа дека клуч за успехот на банката лани било кастрењето на останатите расходи од дејноста во комбинација со значајниот раст на останатите приходи од работењето. Имено на останати расходи лани банката во споредба со 2015 година заштедила речиси 32 милиони денари и менаџментот ги сведол расходите на ниво од 152,6 милиони денари. Паралелно на тоа успеале да ги зголемат приливите на банката по однос на останатите приходи од дејноста до ниво од 137,2 милиони денари што е речиси двојно повеќе од 2015 година кога изнесувале 74,2 милиони денари. По овој основ приходите се зголемени за над еден милион евра.

Главната приходна ставка нето приходи од камати лани е на ниво од 321 милиони денари и е за 19 милиони денари помалку од 2015 година што е пад од 5,6 отсто. Во исто време се намалуваат и приходите од провизии и надоместоци што ги остварува банката од своите филијали и експозитури. Тие лани изнесувале 146,2 милиони денари и се за 11,1 милиони денари односно за 7,1 отсто пониски од 2015 година. Кај расходната страна забележлив и многу изразен е растот на резервациите и тоа за 49 милиони денари во однос на 2015 година, до ниво од 79,6 милиони денари на крајот на 2016 година. За сметка на тоа пак банката ги намалила загубите поради оштетување на нефинансиски средства за 18,3 милиони денари во однос на 2015 година до износ од 52,5 милиони денари на крајот на 2016 година.

Расте кредитирањето и растат депозитите

Фактот дека оваа мала банка успеала во силната конкуренција во 2016 година да го зголеми своето пазарно учество. Кредитите на други коминтенти на крајот на 2016 година се на ниво од 3,62 милијарди денари (околу 60 милиони евра) и бележат раст од 170 милиони денари односно за 5 отсто во однос на претходната година. Во годишниот извештај за 2016 година е наведено дека банката се фокусирала за зголемување на учеството на кредитите на населението во вкупната маса кредити за сметка на учеството на кредитите на економските субјекти. Паралелно со растот на кредитирањето пораснале и депозитите на коминтентите и тоа за 580 милиони денари до ниво од 5,85 милијарди денари на крајот на 2016 година. Во годишниот извештај е наведено дека има зајакнување на депозитите на деловните субјекти за сметка на депозитите на граѓаните кои биле намалени во пролетта кога во рамки на политичката криза имаше значаен одлив на граѓански заштеди од сите банки.

Банката ќе подели 82 денари бруто дивиденда по акција

Во објавените документи на страницата на берзата пишува дека акционерите на банката на претстојното собрание ќе одлучат за поделба на дивиденда во бруто износ од 82 денари за акција што значи во нето износ од речиси 74 денари по акција. Со ова банката ќе заокружи циклус во кој три години по ред дели дивиденда на своите акционери и годинава таа ќе биде двојно повисока од претходнита година кога изнесуваше 39 денари за акција. За работењето во 2014 година банката додели дивиденда во износ од 16 денари за акција.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?