Како Меркел му честиташе на Трамп?
Објавено во: Свет 10 Ноември, 2016
Германската канцеларка, Ангела Меркел му честиташе на Доналд Трамп за победата на претседателките избори во САД.
Но, таа не ја пропушти шансата да го „боцне“ новиот американски претседател.
„Секогаш кога Американците ќе изберат претседател, тоа има влијание и далеку од САД. Германија и САД ги поврзуваат заеднички вредности: слободата, почитувањето на правото и достоинството на човечките суштества, еднаквоста без оглед на потеклото, бојата на кожата, религијата, полот, сексуалната ориентација или политичкиот став“ - кажа Меркел.
Сепак, досегашните искуства со Меркел и Трамп сугерираат дека во односите на двете земји сепак ќе има потреси. Во својата кампања Трамп ја нарече емиграциската политика на германската канцеларка „тотална катастрофа“.
Германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лејен победата на Трамп ја нарече „тежок шок“.
И други германски политичари беа во шок по победата на Трамп.