Како милијардерот Бренсон го преживеа ураганот Ирма?
Објавено во: Свет 08 Септември, 2017
Eден од најмоќните луѓе на светот, сопственикот на Вирџин Груп, Ричард Бренсон го преживеа ураганот Ирма.
Тој престојува на карипскиот остров Некер кој го купил пред неколку децении, и одлучил да остане заедно со својот тим, во бетонскиот вински подрум под „Големата куќа“.
Милијардерот ги споделил сликите од своето засолниште на социјалните мрежи и напишал: „Дождот и ветрот удираат во мојата куќа, создадоа морничава, но убава атмосфера“.
Особено му се допаднало чувството кое го потсетило на детството со оглед на тоа што сите кои останале со него спиеле во две соби, а тоа тој го немал одамна доживеано.
Сепак, Бренсон апелирал до сите луѓе на кои им се заканува опасност да се евакуираат.
Ураганот Ирма со ветрови со брзина од 290 км на час, е прогласен за еден од најмоќните, ако не и најмоќен во историјата.