24 Април, 2024
0.0258

Како му оди на „Скопски пазар“?

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Големата скопска трговска компанија во период од 4 години изгубила 60 отсто од своето пазарно учество, покажуваат приходите од продажба. Набавките за трговски стоки се намалени за повеќе од 70 отсто од 2014 година до сега

Приходите од продажба на големиот трговски ланец „Скопски пазар“ во првите девет месеци годинава паднале за 23 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци што компанијата ги објави на Македонската берза.. Приходите од продажба до крајот на септември изнесуваат 395,2 милиони денари и во споредба со претходната година до крајот на септември се пониски за 115,2 милиони денари.

Во период од четири години, споредбата на податоци за периодот јануари – септември, покажува дека „Скопски пазар“ изгубил 60 отсто од своето пазарно учество. На крајот на септември 2014 година приходите од продажба изнесувале 958,9 милиони денари, а сега се пониски за 563,7 милиони денари.

„Скопски пазар“ во добивка благодание на останати оперативни приходи

Билансот за првите девет месеци покажува дека компанија има поголеми оперативни расходи од приходите од продажба. Оперативните расходи изнесуваат 407,4 милиони денари и во споредба со истиот период лани се пониски за 96,4 милиони денари. Приходот од продажби е за 12 милиони денари понизок од оперативните расходи. Сепак работата ја „вадат“ останатите оперативни приходи од кои „Скопски пазар“ инкасирал 51,7 милиони денари. И со тоа ги покрива оперативните расходи. Оперативната добивка на компанијата е 39,5 милиони денари и во споредба со истиот период лани е пониска за 19 отсто. Нето добивката за првите девет месеци изнесува нешто над 100.000 евра и во споредба со истиот период лани е пониска за 57 отсто.

За камати и слични расходи „Скопски пазар“ платил пола милион евра

Финансиските расходи на „Скопски пазар“ остануваат голем предизвик на оваа трговска компанија. По тој основ компанијата за девет месеци платила 31,4 милиони денари односно половина милион евра. Во споредба со лани тој трошок е намален за 3 отсто односно за 1 милион денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи