19 Април, 2024
0.0268

Како му успеа на „Фершпед“? Волкот да е сит, а овците на број!

Објавено во: Економија 16 Март, 2017

Добивај вести на Viber

„Фершпед“ успеал да врати 2,2 милиони евра кредити лани, да ги одржи приходите од продажба на ниво како и во 2015 година, а годината благодарејќи на извонредната продажба на акциите во „Уготур“ да ја заврши со добивка од половина милион евра

„Фершпед“, најголемата шпедитерска компанија во земјава лани го задржа пазарното учество што може да се третира како позитивна вест со оглед на тоа што во претходните години компанијата го намалуваше своето учество на шпедитерскиот пазар. На домашниот пазар успеа приходите од продажба да ги зголеми за 2 отсто што е речиси еден милион евра повеќе од 2015 година. За сметка на тоа намалени се приходите од странство и тоа за 29 отсто односно за 49 милиони денари. Вкупните приходи од продажби во 2016 година биле на ниво од 2,94 милијарди денари (49 милиони евра).

Голем раст на оперативните расходи

Од податоците во финанскиот извештај се гледа силен раст на оперативните расходи на компанија лани. Годината завршила со вкупни оперативни расходи од 2,97 милијарди денари. Во споредба со 2015 година тие бележат раст од 2 отсто односно од 62 милиони денари или еден милион евра повеќе од 2015 година. Огромен раст односно удвојување има кај ставката набавна вредност на трговски стоки која надмина вредност од 495 милиони денари што е за 267,5 милиони денари повеќе од 2015 година. Овој раст на трошоци е аморитизиран со намалување на трошоците кај услугите со карактер на материјални трошоци за 276 милиони денари. Од ставките се гледа дека клучно за зголемување на расходите од работењето е вредносното усогласување односно обезвреднувањето на тековните средства. Многу е веројатно дека компанијата лани направила отпис за вредност од 78 милиони денари што може да се претпостави кога ќе се види дека таа ставка пораснала од 8,1 милиони денари во 2015 година на 86,2 милиони денари лани.

Оперативната добивка пораснала за 23 отсто

Во вакви услови на работење „Фершпед“ успеал да ја зголеми оперативната добивка за 23 отсто односно за 10 милиони денари до износ од 52,56 милиони денари. Оперативната добивка за лани е помала од 1,8 отсто од приходите од продажба на „Фершпед“.

Продажбата на акциите во „Уготур“ - квасец за добивката на „Фершпед“

Од споредбата на финансиските приходи и расходи е видливо дека „Фершпед“ во голема мерка добивката од речиси 500.000 евра за лани ја остварил со поддршка на приходот од продажба на своите акции во „Уготур“. Имено ставката останати приходи од финансирање му донела лани на „Фершпед“ 20,7 милиони денари што е малку повеќе од приходот од продажба на неговите акции во „Уготур“. За потсетување во мај лани „Фершпед брокер“ купи над 197.000 акции во поранешната железарска прехрана „Уготур“ и за нив плати 101 денар по акција. Продавач на акциите беше фирмата – мајка „Фершпед“ и за нив на „Фершпед брокер“ му наплати 14 пати поскапо од последната претходна трансакција со таа акција на берзата. Односно „Фершпед“ ги продаде акциите по цена од 101 денар, а пред тоа се тргуваа по 7 денари за акција. „Фершпед брокер“ тогаш плати речиси 345.000 евраевра за тие акции. Тогаш купи над 24 отсто од акциите на „Уготур“, а парите ги обезбеди од продажбата на неговите акции во берзата и во ЦДХВ. Вкупните финансиски приходи на „Фершпед“ беа 25,2 милиони денари што значи дека речиси 80 отсто од нив дојдоа од акциите во „Уготур“ кои ги купи фирмата ќерка „Фершпед брокер“.
Во оваа прилика мора да се истакне дека финансиските расходи на „Фершпед“ во голема мерка влијаат врз неговата добивка. Лани компанијата има финансиски расходи во износ од 43,5 милиони денари. Тоа се расходи што „Фершпед“ лани ги платил за камати на кредитни обврски. Исто така мора да се истакне дека има големо снижување на финансиските расходи зашто во 2015 година биле на ниво од 175,5 милиони денари.
Важно да се истакне дека компанијата успеала да ги намали своите краткорочни и долгорочни кредитни обврски за 2,5 милиони евра лани во однос на нивното ниво во 2015 година. На крајот на 2016 година краткорочните кредитни обврски на „Фершед“ биле 143,3 милиони денари или за 5 отсто помали од 2015 година, а долгорочните кредитни обврски биле 227,1 милиони денари што е 36 отсто помалку од 2015 година. 


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите