20 Април, 2024
0.0283

КАКО НАЈДОБРО ДА ГО ТЕСТИРАТЕ ВОЗИЛОТО: Шест совети за подобро да донесете одлука

Објавено во: Мои пари 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Тестирањето на возилото кое сакаме да го купиме може да има круцијална улога во одлуката дали да го купиме посакуваниот автомобил или да се одлучиме за друг. Тоа помага да видиме како би изгледал животот со возилото кое го посакуваме. Многу луѓе не посветуваат внимание на тоа како правилно треба да го тестираат нивното возило и како резултат на тоа, често знаат да донесат погрешна одлука.

Тестирајте неколку автомобили во пократок временски период

Доколку сте заинтересирани за неколку модели, обидете се да закажете тест возењата во ист ден. Разликите меѓу автомобилите потешко се забележуваат доколку помине подолг временски период меѓу тест возењата.

Не се брзајте

Кога закажувате тест возење, побарајте да го возите автомобилот барем еден час за да направите разлика како автомобилот се однесува во град, а како на автопат. Потрудете се да го избегнете метежот за да не се случи целото време од пробното возење да го поминете заглавени во сообраќај. Предност на едночасовното возење е што ќе Ви дозволи да ја почувствувате (не)удобноста на седиштата доколку поминете подолго време возејќи се во автомобилот.

Земете ги со Вас и членовите на семејството

Потрудете се тестирањето на возилото да го направите заедно со вашето семејство, затоа што тие би можеле да ви помогнат во изборот на автомобил. На тој начин што ќе ви посочат рационалнинешта кои можеби нема да ги забележите поради емоциите кои ќе ве надвладеат доколку ви се допадне моделот.

Побарајте пет минути искуство од продавачот

Инсистирајте продавачот на автомобилот да Ви раскаже одредено лично искуство. Тој е искусен возач, но исто така и стручен кога се во прашање автомобилите. Второто мислење, покрај тоа на вашето семејство, може многу да помогне и да Ви даде насоки на што да посветувате внимание при анализите „за“ или „против“.

Почекајте добри временски прилики

Избегнувајте да го закажете тест возењето во лоши временски услови, затоа што возилото не изгледа добро и нормално, а на дождливо време можни се и пролизгувања. Но, со оглед на тоа дека се наближува пролетта, а со тоа и сончевите денови, можеби е времеда закажете тест возење и да стекнете ново автомобилско искуство.

Купувајте и избирајтесо разум, а не со срце

Да знаете што сакате, а што навистина ви е потребно, е многу значајно при изборот на автомобилот. Иако купувањето на возилото не е за цел живот, потребно е да направите пресек на нештата –Што е тоа што најмногу ви пречи кај сегашниот автомобил и дали новиот ќе ви ги реши тие проблеми? Одлуката за тоа што треба да има идното возило е значаен услов за вашата сигурност дека нема да ја повторите истата грешка. Секое тест возење има и корисни работи, но и замки кои ќе ве насочат дали да го купите автомобилот или да си одите дома со празни раце.

Токму сега имате можност да ги примените овие совети. Искористете ја можноста и закажете тест возење за градскиот теренец Ford KUGA. Ова можеби не е единствениот SUV кој би сакале да го поседувате, но акциските цени на овој атрактивен модел ќе ве импресионираат.

Една од најдобрите карактеристики на овој автомобил е тоа што е совршено безбеден, има систем Active City Stop кој ќе ви помогне да го намалите или целосно да го избегнете ударот. Ford KUGA нуди и систем за лесно паркирање кој ќе ве насочи додека ги користите менувачот и педалите. Највисокото ниво на опрема на KUGA содржи SYNC 3 технологија со подобрени гласовни команди, која поддржува и AppLink, CarPlay од Apple и Android Auto за да го отслика вашиот паметен телефон на екранот во возилото.

Доколку се наоѓате во сообраќаен метеж, со Auto-Start-Stop технологијата на KUGA можете да заштедите 10% бензин бидејќи моторот автоматски ќе се изгаси, а ќе продолжи да доставува енергија до климата и радиото. Моторот ќе се рестартира во моментот кога ќе бидете подготвени да тргнете.

Закажете го вашето пробно возење на ford.mk и искористете ги акциските цени за Ford KUGA.

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!