Како најлесно се добива унгарски пасош?
Објавено во: Економија 01 Ноември, 2012
Унгарија ја разгледува можноста за издавање на дозволи за постојан престој и државјанство на богатите странски инвеститори, стои на интернет-страницата на унгарскиот Парламент.
Според предлог-законот право на постојан претстој и потоа на унгарско државјанство ќе добијат странците кои ќе купат најмалку државни обврзници во висина од 250.000 евра. Лицата кои ќе добијат унгарски пасоши, со оглед на фактот што Унгарија е дел од ЕУ, имаат право да живеат и работаат на подрачјето на целата Унија. Предлогот е поддржан од владејачката партија и има за цел треба да привлече нови инвеститори во земјата.