Како Нимиц ја оцени средбата Заев - Ципрас?
Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2018
Mедијаторот Метју Нимиц ja оцени како позитивна, важна и од историско значење средбата на премиерите, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Својот став тој го кажа во пресрет на неговата посета на Скопје и Атина.
Специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за името, вели дека постои динамика за решение, и дека во соработка со меѓународната заедница може да се постигне заемно прифатлив договор.
„Време да се интензивираат разговорите во врска со условите за еден конечен договор, со претпазливост на прашањата што беа истакнати од двајцата премиери. Согласно со нивната намера, доаѓам во Атина и Скопје на разговори, за да се придвижи процесот. Верувам дека сега постои една динамика за изнаоѓање решение“- вели Нимиц.
Тој во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ вели дека за неколку месеци може да има исход.