18 Април, 2024
0.0241

Како паметно да ја одберете најдобрата работа

Објавено во: Мои пари 17 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Првата професионална одлука се донесува веќе во 15 година кога децата имаат скромно искуство, а дури по средното училиште многу не се сигурни со што би сакале да се занимаваат иако квалитетот на животот и нивото на задоволствата во голема мера зависат од тоа дали некој се занимава со работа која ја сака, истражувачите покажуваат дека само секој петти човек ужива работејќи го занимањето за кое се определил.

Погрешниот избор не само што предизвикува незадоволство и лоша психичка состојба, туку се одразува и на физичкото здравје, емоционалната стабилност, меѓучовечките односи...

Тогаш како да се избере вистинската дејност? Дали децата се способни по средното училиште паметно да се определат, да ги согледаат своите афинитети, способности, потенцијали? Колкаво е родителското влијание и дали тие наспроти намерата, секога можат да бидат и најдобри советодавци? Ако се направи погрешен избор, дали во зрели години може да се промени занимањето, конечно да се најдат во нешто и да им се измени животот од корен? Колку сила, волја и мотивација е потребно за да се спроведат такви одлуки?

Многу прашања за чии одговори родителите на децата не се сигурни. Не се сигурни и тие кои треба професионално да се ориентираат, но и тие кои не се задоволни од својата работа. За вакви дилеми, сепак постои решение. Постојат тестови тестови кои ги  дава и ги толкува психологот Елеонора Влаховиќ од центарот Баланс Медика.

- Професионалната ориентација е помош за неодлучните. Главно тоа се ученици кои имаат проблем при донесување на одлуки на кое училиште или факултет да се запишат, но има и возрасни кои не се задоволни од своите занимања. Таа е ефикасна не само во пружање на помош на тие кои не знаат што да запишат, туку и на тие кои се неодлучни бидејќи имаат повеќе желби, на тие кои бараат алтернатива. На нив им помагаме да дојдат до одговор кој би бил вториот избор ако не успеат да се запишат на саканиот факултет. Врз основ на резултатите од тестирањето и во заеднички разговор со родителите и детето, им помагаме да донесат најдобра одлука во изборот на училиштето, факултетот, занимањето. Така се избегнуваат погрешни одлуки, се унапредува односот меѓу децата и родителите, ги отстрануваат дилемите и конфликтните состојби. Професионалната ориентација пружа чувство на сигурност и контрола над сопствениот живот.

Како се спроведуваат тестовите и што опфаќаат тие?

- Професионалната ориентација опфаќа многу стручни постапки, поаѓа од запознавање на личните карактеристики на поединецот, т.е. способноста, интересот, мотивацијата, вредноста и реалната можност за образование и вработување. Се испитуваат професионалните интереси, одговорите на прашањата колкава е мотивацијата, т.е. колку некој е подготвен да се бори за целите, дали е лидер, тимски играч, солист, дали има трема од јавен настап... Дали уписот на саканото училиште или факултет е реален, т.е. дали дотогашниот успех во училиштето обезбедува доволен број на бодови, дали тој факултет постои во градот во кој некој живее. Ако е невозможно да се оствари примарната желба, која е алтернативата. Значи, професионалната ориентација се состои од психолошко тестирање, советување и професионално информирање. Но, важно е да се потенцира дека конечната одлука поединецот ја донесува самостојно, а професионалната ориентација е само помош да се дојде до неа.

Колку трае тестирањето и каков ефект имаат на тој кој избира?

- Тестовите траат околу 3 часа, а искуствата на тие кои ја поминале оваа постапка покажуваат дека професионалната ориентација не е само корисна за лицето кое треба да направи избор, туку и за цело семејство, бидејќи се однесува на нормализација, а тензиите се смируваат. Постапката го зацврстува лицето за самостојно донесување на одлуки, бидејќи чувствува одговорност, создава чувство на сигурност и контрола над сопствениот живот. Исто така, смирувачки делува и на околината, бидејќи родителите често ни сами не се сигурни околу своето место и улогата во таква состојба

Како тоа изгледа во пракса?

- На пример вака: Марко, ученик во осмо одделение, целосно е незаинтересиран за избор на средно училиште. Дома е вонредна состојба бидејќи сите се вознемирени освен Марко, кој кулира. Ненадејно, тој покажува голема желба да се запише во филолошка гимназија. Странските јазици добро му одат, но останало малку време за подготовка на тешкиот приемен испит. По неуспехот на приемниот испит, Марко е незадоволен, гневен и ги обвинува родителите дека не му помогнале. И понатаму не знае кое средно училиште да го одбере, а родителите не знаат како да му помогнат, па го заморуваат постојано со прашања, а тој избор на училиштето го доживува како притисок, на што реагира со негација на проблемот и одложување. Неговото искуство во донесување на важни одлуки е скромно, или никакво, бидејќи се што било важно во неговиот досегашен живот го решавале родителите. Недоволно ги познава сопствените потреби, интересот и можностите, а желбите му се нереални. Другарите,  врсниците за него се важни авторитети, па е подготвен да ги жртвува сопствените желби и да го одбере училиштето каде што ќе одат неговите другари. А за тоа училиште не знае ништо, освен што многу се учи, се паѓа на поправни испити, наставникот по физика е опасен... Родителите се загрижени, губат контакт со детето, односите во семејство се нарушени, се запоставуваат и помалите деца. Отприлика во таква состојба професионалната ориентација доаѓа како помош.

Дали со сигурност може да се утврди кое занимање на децата најмногу им одговара, бидејќи се уште не се комплетни личности и кога е вистинското време за тестирање?

- Првата професионална одлука се донесува во 15 година при премин од основно во средно училиште. На таа возраст децата имаат скромно искуство, слабо познаваат кои средни училишта постојат и се уште не се комплетно развиени како личности. Мал број на ученици имаат изградени јасни професионални интереси и затоа токму за нив најчесто се работи професионална ориентација. Со психолошкото тестирање може да се утврди во кој правец тие интереси се развиваат, кои училишта се добар избор, а кои треба да се избегнат, а со професионално информирање ученикот дознава многу корисни информации, Кои училишта постојат, колку поени се потребни за упис, која подготовка се добива кога ќе завршат... На крај на средното училиште учениците се позрели и имаат побогато животно искуство па можат пореално да гледаат на својот иден професионален развој. Меѓутоа, ни тогаш многумина не се сигурни во својот избор, имаат повеќе привлечни избори истовремено, или бараат алтернатива. Посебна група се тие кои се стремат да запишат училиште или факултет кои имаат селективни приемни испити (филолошко, дизајнерско училиште, архитектура...). За нив е доцна да дојдат на професионална ориентација кон крајот на осмо одделение, т.е. четврта година средно образование. Специфичните интереси и искажаните способности треба порано да се тестираат, за да има доволно време за подготовка, па на тие ученици се препорачува на тестирање да дојдат една година порано.

Колку родителите влијаат на изборот на занимањето на своите деца и дали секогаш можат реално да ги согледаат нивните можности и желби? Дали често се случува нивната преголема амбиција да ги внесе децата во погрешни избори?

- Врз основа на мојата долгогодишна работа можам да кажам дека се помалку родители се обидуваат своите неостварени желби да ги исполнат преку своите деца, Често се случува родителите кои имаат веќе разработена дејност во некоја област (сервис, аптека, адвокатска канцеларија, продавница... ) да проценат дека тоа е добра појдовна основа, посебно во денешни услови на голема невработеност, па вршат еден вид притисок во тој правец. Имав едно момче кое заглави во трета година на стоматологија и не знаеше што да прави. Со тестирањето утврдив дека неговите интереси се целосно во друга област и дека најдобро е да го смени факултетот. За него тоа беше големо олеснување, меѓутоа морав како психолог да му понудам уште еден дополнителен пакет поддршка, како тоа да го соопшти на родителите кои се забари и имаат стоматолошка ординација, па со самото тоа и големи очекувања од него. Денес тој е успешен студент на еден од општествените факултети, а родителите го прифатија неговиот избор. Уште еден пример е ученичка од осмо одделение која имаше јасно изразени професионални интереси да стане форензичар, што целосно ги збунуваше нејзините родители. Тие беа сигурни дека тоа е последица од гледање на крими серии и сакаа таа идеја да и ја исфрлам од главата. Меѓутоа, тестот покажа дека постои одлична основа таа да стане форензичар, па хемиското училиште би било одлична појдовна точка.

Дали професионалната ориентација помага и на возрасните кои не се задоволни од својата работа?

- Неуспехот во студирањето може да биде привремен застој, но многу често е и последица на погрешен избор. Тогаш професионалната ориентација може да даде одговор на прашањето дали треба да се менува факултетот. Работниот век трае многу долго да можеме да си дозволиме да го работиме она што не не интересира, или нешто што не го сакаме. Изгубената година на факултет е многу помала штета отколку секојдневно да се оди на работа со чувство на незадоволство.

Во мојата пракса имаше и такви кои се вработиле веднаш по дипломирањето, но работата им била во спротивност со очекувањата. Една млада, амбициозна девојка по една година на работа во својата струка сватила дека не сака цел живот да го помине пред компјутер и добиените резултати и помогнаа да свати дека треба да се врати на својот прв професионален избор од средно училиште, кое од некои причини го потиснала. Таа е пример на нова генерација на млади луѓе кои сакаат да имаат контрола над својот живот, кои не чекаат да се променат сами од себе. Не се срамат да користат услуги од експерти кои можат да им помогнат во тоа. Во Баланс Медика доаѓаат луѓе и во средни години кои мора да направат нови професионални избори (губење на работа, преселба, враќање од странство, развод...).

Колку е тешко на зрели години цел живот да се промени од корен?

- Промените кои се случија во последната деценија на пазарот на трудот доведоа до тоа да постојат два основни услова за успешна кариера, адаптилност и учење во текот на целиот живот. Тоа значи дека секој од нас во текот на својот работен век повеќе пати мора да донесе важни професионални одлуки, како и постојано стручно да се усовршува. Тие кои не се подготвени на промени тешко можат да опстанат. Искуството покажува дека некои луѓе од своите хобија направиле одлична кариера, менувале цели области на дејности во зрели години. Професионалната ориентација повеќе не се врзува само за учениците од основни и средни училишта, туку има свое место и функција и подоцна во текот на животот, т.е. секогаш кога се носат важи професионални одлуки.

Можеби ќе ве интересира

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ