24 Април, 2024
0.0295

КАКО ПОЧНА БАНКАРСКАТА 2018: Кредитирањето и штедењето во пад!

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Со негативни стапки на кредитирање и на штедење започна првиот месец од банкaрската 2018 година. Во однос на декември, кредитирањето се намалило за 62 милиони евра а штедењето за 47,3 милиони евра. Анализата на најновите податоци, што ја направи “Фактор“ покажува дека кај штедењето, намалување има кај денарските депозити, додека кај девизните има пораст. Сепак, штедењето во денари останува доминантно во структурата на вкупната депозитина база со 67%.

Штедењето на фирмите и граѓаните со негативен предзнак во јануари .. 

На крајот од првиот месец од годинава, вредноста на вкупните депозити во банките изнесувала 5,46 милијарди евра и во однос на декември, кога вредноста била 5,51 милијарда евра, има намалување за 47 милиони евра. Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека кај штедењето во денари има пад, додека кај штедењето во девизи има пораст. Така, на крајот од јануари денарските депозити изнесуваат 3,22 милијарди евра, со што се здржува нивната доминација во валутанта структура на вкупните депозити, со удел од 67,1%. Остатокот од 32,9% отпаѓаат на девизните депозити.

На месечна основа, негативен предзнак има и кај штедењето на фирмите и кај штедењето на населението. На годишна основа има пораст.

“Кај вкупните депозити, во јануари е регистриран месечен пад од 0,9%, главно под влијание на намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор. Споредено на годишна основа, кај депозитите е остварен раст од 5,2% во најголем дел заради растот на депозитите од домаќинствата (71,5% од вкупниот депозитен раст)“ – велат од Народната банка.

Конкретно, на месечно ниво депозитите на компаниите се намалени за 3,6% што во целост се објаснува со намалувањата кај денарските депозити, пред сѐ депозитните пари и краткорочните депозити. Од друга страна, годишната стапка на депозитен раст изнесува 2,5%. Кај неселението, депозитите на месечна основа се намалени за 0,4%.

Дел од банкарите коментираат дека ваквиот тренд во првиот месец од годинава има сезонски карактер.

“Кај депозите, во декември имаше големи приливи. Тоа е месец кога завршува календарската година и се затвораат побарувања, се исплаат плати за ноември, но и за декември, со што износот на депозитите значјно се зголеми. Како последица на исплатите во декември, во јануари имаме сезонско намалување на депозитната база“ – коментираат банкари за “Фактор“.

Намалување на кредитното портфолио ...

На крајот од јануари вкупната вредност на кредитната задолженост на граѓаните и на фирмите во банките изнесувала 4,79 милијарди евра. Во декември кредитната изложеност изнесувала 4,85 милијарди евра со што на месечно ниво, во апсолутен износ забележано е намалено кредитирање за 62 милиони евра.

Според дел банакрите овој тренд на пад и кај кредитирањето е очекуван в месец кој следува по период кога се порамнува финансиска година, кога се затвораат долгови и се отпишуваат ненаплатливи побарувања. 

“Намалувањето на кредитирањето во јануари е очекувано со оглед на тоа што во декември, вообичаено има зголемена кредитна активност, но и бројни финансиски трансакции.

“Во изминатиот период на пример имавме компании од тутунскиот сектор кои затворија кредити, потоа енергетски фирми кои раздолжуваа веќе земени кредити, тука влијае и редовниот отпис на долгови, одноно вонбилансно евидентирање на побајрувања за кои во изминатите две години имало 100% резервации. Сето ова влијаеше во јанари да се намали кредитното портфолио“ – велат банкарите.

Во јануари, кај вкупните кредити е евидентирано намалување од 1,3% на месечна основа,  додека анализирано на годишна основа, стапката на кредитен раст  изнесува 6,1%.

“Кај кредитите на корпоративниот сектор во јануари бележиме месечно намалување од 3,1%, додека споредено на годишна основа регистриран е раст од 2,9%. Притоа, најголем придонес во месечните и годишните промени имаат кредитите одобрени во денари.  Во јануари кај вкупните кредити на домаќинствата е регистриран месечен и годишен раст од 0,8% и 9,7%, соодветно, при што зголемената кредитна активност во најголем дел се темели врз денарските пласмани“ – соопштуваат од НБМ.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките кредити, стапката на годишен раст во јануари изнесува 11,3%, без промени на месечна основа. Станбените кредити бележат месечен и годишен раст од 1,1% и 15,2%, соодветно. Во првиот месец од годината, автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички забележаа месечен пад од 1,4% и 0,3%. Во обид да се стимулира кредитирањето на населението, но и да се справат со конкуренцијата, дел од банките влегоа во процес на позначајно олеснување на кредитните услови за граѓаните. Позначајно олеснување, според оценките на банкарите има за потрошувачките кредтити, кои воедно се и најатрактивни за населението.

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата