20 Април, 2024
0.0281

Како „преде“ Тетекс?

Објавено во: Економија 03 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Од кор дејноста Тетекс е на позитивна нула, но од дивиденди има приход од речиси 600.000 евра, а компанијата речиси и да нема финансиски расходи

Најголемиот македонски текстилен комбинат „Тетекс“ во првата половина од годинава има добивка од 40 милиони денари од кои дури 36,6 милиони денари се од дивиденда што ја примил од свое вложување во негово друштво, покажуваат најновите податоци од полугодишниот биланс што го објави таа компанија.

Оперативната добивка на „Тетекс“ за првата половина од годинава изнесува 2,9 милиони денари и е остварена од приходи од продажба кои изнесувале 99,3  милиони денари остварени во првите шест месеци годинава. Вкупните оперативни приходи на компанијата изнесуваат 134 милиони денари, а оперативните расходи се 126,9 милиони денари за половина година. Две најзначајни ставки во расходната структура се трошоците за суровини и други материјали во износ од 53,4 милиони денари и трошокот за вработените кој изнесувал 45,8 милиони денари.  Кај приходите важно е да се истакне дека е намалена разликата меѓу приходите на домашен пазар и извозот и тоа во корист на продажбите во странство. Пласманите на домашниот пазар паднале за 9 милиони денари до износ од 53,7 милиони денари, а продажбата надвор пораснала за 4,3 милиони денари до износ од 45,7 милиони денари.

„Тетекс“ има финансиски приходи  што се 130 пати поголеми од финансиските расходи!!!

За особено истакнување се финансиските приходи на „Тетекс“ кои годинава до крајот на јуни изнесуваат 37,1 милиони денари и се за 130 пати поголеми од финансиските расходи на таа компанија. Во структурата на финансиски приходи апсолутна доминација имаат приходите од дивиденди кои изнесуваат 36,6 милиони денари и се прикажани во паричниот тек.

Од билансот на состојба е важно да се истакне дека компанијата нема долгорочни обврски, а тековните обврски на 30 јуни биле 77 милиони денари и во споредба со лани се пониски за 22 отсто. Кај тековните средства доминантни се залихите и нивната вредност е 10 милиони евра. На крајот на јуни компанијата во пари и еквиваленти имала над 1 милион евра.

Вредноста на акцијата на „Тетекс“ на Македонската берза од почетокот на месецов до сега порасна за околу 700 денари односно за повеќе за дваесетина дена. Веројатно дека причините за растот и треба да се бараат во горенаведените факти. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ