18 Април, 2024
0.0240

Како пропадна планот на Путин да се зближи со Америка?

Објавено во: Анализа 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Владимир Путин до американскиот Стејт Департмент испратил меморандум за возобновување на меѓусебните односи, како и враќање на каналите за соработка во дипломатијата, безбедноста, разузнавањето и економијата кои беа драстично прекината по кризата во Источна Украина, интервенцијата во Сирија и наводното руско мешање во американските претседателски избори.

Според аналитичари од Стејт Департментот идејата на Путин била да постигне договор со американскиот претседател Доналд Трамп за надминување на антагонизмот кој доведе и до протерување на дипломати од двете земји. 

Овој документ бил доставен во април, а дури сега се појавува во јавноста, па така и неговата содржина според руската амбасада во САД е сосема вообичаена за затворени дипломатски преговори. Стејт Департментот одби да ја коментира содржината, но не ја негираше автентичноста на меморандумот на Путин. 

Доналд Трамп во текот на својата изборна кампања постојано нагласуваше дека одлично ќе се разберел со Путин и дека САД и Русија нема повеќе потреба да бидат непријатели туку да соработуваат на различни полиња. 

Во САД започна силна кампања против Доналд Трамп кој практично го распнаа во медиумите како слуга на Путин и се плашеа дека руското влијание длабоко пенетрирало во Белата куќа. Медиумите и претеруваат со руската приказна бидејќи тоа е одлично за нивните рејтинзи кои рушат рекорди, Трамп е новиот кловн за исмевање, а Путин страшилото со кое се внесува паника меѓу јавноста наместо да се решаваат вистинските проблеми. 

Надежите за подобрување на меѓусебните односи паднаа во вода откако Конгресот на САД воведе нови санкции против Русија за хакерските активности во текот на изборите, а против Трамп е поведена истрага од специјален обвинител за наводна директна соработка меѓу тимот на претседателот и руски владини лица што е строго забрането. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза