29 Март, 2024
0.0251

Како РКЕ му призна на БЕГ цена за гас поскапа од пазарната, а скопјани како „попчиња“ си платија за тоа?

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Еден месец пред да ги одобри цените (пред контролата за цени и трошоци за 2015 година) РКЕ го сменила правилото по кое се одобруваат цените за купен гас. Со ваквиот „елегантен“ потег РКЕ обезбедила признавање на цени постигнати на тендер наместо како што било претходно, кога важело правилото дека се признава цена што е еднаква или пониска од најниската цена на слободен пазар, тврдат од Топлификација. Оттука се поставува прашањето, ќе ја провери ли некој од надлежните органи оваа „деловна операција“ на РКЕ?

БЕГ - регулираниот производител на топлина што ги грее скопјани, во 2015 година купува природен гас по месечни цени што биле значајно повисоки од цените по кои на слободен пазар купувале повеќе од 30 фирми кои работат на гас во земјава, велат анализите од Топлификација. БЕГ добивал повисоки цени иако купувал најголеми количества гас од сите други потрошувачи во земјава! БЕГ го купувал гасот, РКЕ му ги одобрувала цените, а скопјани платиле.

Има ли проблем во работата на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)? Државната инстанца чии комесари ги бира Собранието за да ги штитат интересите на потрошувачите на топлина и струја на регулирани пазари во 2015 година одобрила скопјани да плаќаат поскап гас на регулираниот производител од гас што тогаш можел да се купи на слободен пазар. Ова се податоци кои можат да се најдат во Годишниот извештај на РКЕ за 2015 година и во Одлуката со која РКЕ ги признава трошоците на БЕГ „Производство на топлина“ за 2015 година. Овие факти ги потврдија и стручните лица од „Топлификација“. 

БЕГ е најголем потрошувач на природен гас во земјава, а добивал највисоки цени за купување на гас од сите помали потрошувачи. Има ли тоа економска логика? Одговорот на енергетските експерти е дека логика нема, а како потврда на ваквиот заклучок го наведуваат аргументот според кој минатата година во месец јуни РКЕ, пред да ја прави контролата за 2015 година и да ги утврди регулираните цени за производство на топлина,  го менува Правилникот за признавање на трошокот за набавка на природен гас. До тогаш важеше правило според кое РКЕ признава цена на гориво која е пониска или еднаква на најниската месечна увозна цена на слободен пазар на трговците или снабдувачите со природен гас/мазут во Р.Македонија. 

Од тогаш почнува да важи правилото во признавањето на трошоците за гориво РКЕ ќе ги земе во предвид цените за набавка на гориво од тендерска постапка  која регулираниот производител е должен да ја спроведе и просечната продажна месечна цена на природниот гас на трговци со природен гас на слободниот пазар во Р.Македонија.

Епилогот е дека РКЕ за 2015 година на БЕГ му признава трошоци за набавка на природен га 1,01 милијарди денари односно 16,37 милиони евра. Тие пари ги платија скопјани кои се греат на природен гас.

Во табелата подолу ќе ги споредите цените. Во левата колона се цените што РКЕ му ги признава на БЕГ, а во десната се цените по кои „Макпетрол ПРОМ Гас“ продавал на своите 30-тина клиенти во земјава. Уште еднаш потенцираме дека БЕГ е најголем поединечен потрошувач на гас.


Дополнително, според експертската анализа со одлука на РКЕ од јули 2016 година, РКЕ додатно на овие цени во трошокот за природен гас на БЕГ за 2015 година му признал и 34.559.095 денари за нето курсни разлики со што средните цени за набавка на гориво од табелата додатно се зголемиле.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи