Како Русија ќе се спасува од зависноста од доларот?
Објавено во: Економија 08 Август, 2017
По новото наметнување на санкции од САД врз Русија ќе се бараат начини како да се намали зависноста од американскиот долар и од американските платежни системи. Затоа руската влада посочи дека повеќе нема да ја почитува американската доминација во фискалните и монетарните системи и ќе работи на доразвивање на сопствените платежни системи.
Во 2015 беше промовиран кредитниот платежен систем МИР кој најпрво беше замислен за платниот промет во Русија, но веќе покажува добри резултати и има изгледи дека ќе се прошири и на европскиот пазар.
Во однос на доларот Русија повеќе ќе се фокусира на енергенсите како „сидра“ за вредноста на рубљата и со оглед на огромната количина на природни ресурси со кои располага таквата стратегија е сосема изводлива.
Ваквата одлука нема да има директни последици врз американскиот бизнис но, притисок веќе се чуствува и во САД каде има негодување за политичките одлуки.