20 Април, 2024
0.0292

Како Русија може цела Европа да ја има во рака?

Објавено во: Свет 25 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Од анексијата на Крим и Украина до поддршката на сирискиот претседател Башар Асад, а еден метод, на кој се придава мало внимание, е руската енергетска политика, пишува „Политико”. Руското подривање на САД го надминува влијанието на изборите и гласачките кутии. 

Како втор најголем светски производител на приросен гас, Русија има предност над своите европски потрошувачи поради заканите дека ќе го намали снабдувањето. Новиот гасовод кој Москва има намера да го гради може да ја зголеми таа зависност и потенцијално да го зголеми присуството на германскиот пазар на гас на над 50%. 

Оваа политика претставува директен предизвик по американските интереси во Европа и по Втората светска војна и потенцијално може да има ефекти кои ги надминуваат изборните скандали, пишува Политико.

Кон крајот на април гасниот гигант Гаспром потпиша договор за финансирање на својот гасовод „Северен тек 2”, кој би пренесувал гас западно од Санкт Петербург преку Балтичкото море директно во Германија, каде би се дистрибуирал по другите европски земји.

Инфраструктурата на природниот гас е скапа и комплексна изградба, но кога еднаш ќе се постави, цевководите можат да ги променат тековите и односите меѓу земјите со децении.

Ако „Северен тек 2” заживее, ќе ја зголеми зависноста на ЕУ од рускиот гас и ќе го зголеми влијанието на Москва на клучните американски сојузници, наведе весникот.

Воената потрошувачка и дезинформациите до сега беа главна закана за Русија. Но, „Северен тек 2” ќе покаже дека може многу повеќе да влијае од воената сила и здравото медиумско опкружување.

Гасоводот е обид на Русија да ја подели и освои Европа. 

Изградбата на „Северен тек 2” би ја ослабела Европа на повеќе начини.

Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан