20 Април, 2024
0.0280

Како САД им го сврте грбот на Курдите во Сирија преку ноќ?

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

САД ги повлекува своите официјални ставови за поддршка на поголемата група на курдски борци во Сирија кои претходно војуваа против џихадистите на ИСИС и дадоа големи жртви во борбата со тероризмот. Сепак, најавата дека ќе се формира Гранична безбедносна сила ја натера Турција веднаш воено да интервенира за да спречи понатамошно утврдување на Курдите од кои гледаат закана за префрлање на конфликтот на сопствена територија каде веќе долги години има бутнтовнички курдски групи кои отворено се спротиставуваат на турските вооружени сили.

Курдските борци добиваа значителна воена и финансиска помош од страна на Пентагон и тие беа уште една воена сила на која треба да се внимава во рамките на најкрвавиот сириски конфликт, а повремено имаа и проблеми со турските сили кои исто така се трудеа да ја одржат безбедноста на границата со Сирија, но и како што кажавме да го контролираат процесот кој не сакаат да доведе до формирање на посебна или нова Курдска држава внатре во самата Сирија.

Затоа сега, Турција одговори доста жестоко навлегувајќи со својата војска во Африн курдскиот дел на Сирија со цел како што истакнува да создаде безбедносна зона. Таквите напори дури беа и поздравени од американскиот државен секретар Рекс Тилерсон кој ја зема во предвид одлуката на Турција како земја членка на НАТО, иако потсети дека токму курдските ослободителни сили имаа доста клучна улога во борбите со ИСИС.

Овој нов конфликт може да доведе до нови жртви и страдања од една проста причина што САД многу лошо ги оквалификуваше и претстави курдските борци како дел од некоја си нова Гранична безбедносна сила. 

Нивното загушување од страна на силната турска армија ќе значи огромни загуби за САД и досегашните вложувања како и губење на еден стратешки партнер, но во овој случај многу е поважно да се сочуваат односите со Турција како битна членка земја на НАТО. САД е и во неповолна положба како и за понатамошно делување во пост-воениот период и реорганизација на Сирија каде веќе Русија има многу позначајна и поцврста улога, особено што војската на Путин ја исполни примарната цел на која американците како и да заборавија, а тоа е поразувањето и разбивањето на ИСИС.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато