24 Април, 2024
0.0278

Како Штајнмец го изгуби ФЕНИ и кој е новиот газда?

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Израелскиот милијардер Бени Штајнмец изгуби спор на судот во Амстердам во спорот за „Кунико“, најголемиот европски продавач на никел и еден од четирите најголеми во светот, откако судот ја отфрли неговата тужба. Оваа информација ја објави холандски „Фајненшл Тајмс“ (Het Financieele Dagblad) во вчерашното издание.

Добитник во спорот е компанијата за метали Интернационални минерални ресурси (ИМР) International Mineral Resources партнер на Штеинмец во „Кунико“. ИМР е сопственост на тројца казакстански милијардери во регионот на централна Азија познати како „Трио“ и тие се Александер Мачкевич, Паток Чодиев и Алијан Ибрагимов.

Во тексот пишува дека и двете страни во „Конико“ се познати во меѓународната јавност и по други активности. Штајнмец  беше уапсен во Израел за друг случај минатиот месец, а против Триото се водел правен случај во Холандија но обвинувањата судот ги отфрлил.

Триото од една страна и Штајнмец  во „Конико“ имале по 50 отсто во „Кунико“ еден од најголемите светски продавачи на никел. „Кунико“ во сопственост има рудник за никел во Гватемала и топилници за никел во Македонија и во Косово. Клиенти на „Конико“ се производители на челик во Шпанија, Германија, Велика Британија, Шведска, Италија, Кина, Индија, Јужна Кореја и Тајван. 

Што се случило меѓу газдите во „Кунико“?

Остриот пад на цените на никел на светските берзи силно го погоди „Конико“. Тоа , според текстот, направило раскол во односите меѓу партнерите во „Конико“ кои побарале арбитража за решавање на проблемот од вештите лица од амстердамската Комора за комерција, а тоа започна во септември во 2015 година. Епилогот на арбитражата е „Конико“ да оди на продажба и заради тоа што вредноста на „Кунико“ била „нула или негативна“ добитна комбинација на превземање на „Конико“ било одложување на долговите до периодот кога берзанските цени ќе овозможат рентабилно работење и враќање на обврските. Двете заинтересирани страни биле ИМР и фирмата на Штеинмец БСГР. Во одреден период двете страни се критикувале меѓусебно за саботирање на процесот на наддавање. Процесот заради жалби бил повторуван неколку пати. ИМР во соработка со својата фирма мајка „Самерсајд“ (Sumerrside) во наддавањата успева да стигне до 90,11 отсто од вредноста на стековите во „Конико“. Според холандскиот весник Штајнмец го губи своето учество во „Конико“ откако на наддавањето се откажува и неговата позајмица во фирмата од 102 милиони долари од долг се трансформира во загуба. Тогаш БСГР започнува судска постапка против ИМР и „Конико“ на суд. Судот пресудува во корист на ИМР и сега компанијата што е сопственик на кавадаречки „ФЕНИ Индустри“ има нов доминантен сопственик.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска