29 Март, 2024
0.0627

Како шведската компанија „Икеа“ знае што правите наутро?

Објавено во: Стил 07 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Шведската компанија за мебел и покуќнина ИКЕА знае што правите наутро кога ќе се разбудите, како го поминувате времето пред заминување на работа, па дури и кога водите љубов. Во истражување за потрошувачките навики на своите купувачи наутро, ИКЕА спровела анкета во осум метрополи за да утврди како купувачите го поминуваат времето. „Ѕирнавме во осум различни метрополи во осум различни земји и ги прашавме жителите како го поминуваат времето и какви се нивните утрински навики, рутини и желби“, открива компанијата. Анкетата била спроведена во Лондон, Берлин, Москва, Мумбај, Њујорк, Париз, Шангај и Стокхолм, а во секој град учествувале по околу 1.000 испитаници. Вкупно биле испитани 8.292 лица од целиот свет на возраст од 18-60 години. ИКЕА на овој начин вели дека добила интересен увид за навиките и потребите на своите купувачи, што може да се искористи во целиот свет. Што покажа истражувањето? Вкупно 67% од сите испитаници наутро доручкуваат, а кафе наутро пијат 47% од испитаниците. Што се однесува до сексот, само 4% од испитаниците рекле дека по будењето наутро водат љубов, 55% рекле дека не го прават тоа, додека останатите навеле дека се самци. Најмногу љубов наутро водат во - Москва. Просечно испитаниците по 11 минути користат технологија наутро. Жителите на Њујорк трошат најмногу време за разубавување, но и најчесто завршуваат нешто за работа додека се во тоалет. Дури 90% од жителите на Шангај категорично се изјасниле дека наутро не се тушираат.