Како Скопски пазар враќа долгови за струја?
Објавено во: Економија 17 Август, 2017
Скопски пазар АД Скопје објави дека долгот за енергична енергија кон Енерџи Деливери Солушнс ќе го обезбеди со залог на недвижен имот кој е ставен под хипотека. Станува збор за дел од зграда со површина од 642 метри квадратни во Гази Баба.
- На ден 04.08.2017 година, Скопски пазар АД Скопје, во корист на доверителот Енерџи Деливери Солушнс ЕДС ДОО Скопје, по основ на долг по Договор за снабдување со електрична енергија бр.09-746 од 12.11.2015 година, измене и дополнет со анекс бр.2 кон договорот бр.03-481 од 28.07.2017 година како обезбедување за плаќање на долг до максимална вредност од 400.000 евра го ставил под залог - хипотека недвижниот имот: зграда 1, влез 1, број 000, во површина од 642 м2, на ул.Бапчор, положен на КП 960-2 на КО Гази Баба (Имотен лист бр.1077 КО Гази Баба) согласно склучен Нотарски акт ОДУ бр.312/17 од 04.08.2017 година заверен кај нотар Снежана Видовска.
За истото побарување доверителот - ремитент Енерџи Деливери Солушнс ЕДС ДОО Скопје согласно нотарски акт ОДУ бр. 113-17 од 04.08.2017 година заверен кај нотар Снежана Видовска, Скопски пазар АД Скопје има потпишано и заверено Изјава за уредување на права и обврски на потписници по меница со извршна клаузула без протест, стои во објавата на Скопски пазар на Македонска берза.