29 Март, 2024
0.0252

Како „Технометал Вардар“ направи загуба од 3 милиони евра?

Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата што располага со голем недвижен имот во строгиот центар на градот во првите девет месеци има загуба од 3,1 милиони евра што е далеку над приходите од продажба и не е резултат на оперативното работење. Според едно известување на компанијата оперативните расходи се резултат на принудната продажба на акции што „Технометал“ ги имал во други компании.

Некогашниот македонски трговски гигант „Технометал“ во првите девет месеци годинава остварил приходи од 97,5 милиони денари и тие во споредба со истиот период лани се повеќе од двојно поголеми. Доминантно е учеството на приходите од продажба на странски пазари и тие изнесуваат 72,85 милиони денари, а во однос на истиот период лани се поголеми за 6 пати. За разлика од нив приходите од продажба на домашен пазар се 24,6 милиони денари и се пониски за 30 отсто.

На страната на оперативните расходи убедливо најголема ставка се останатите расходи кои за првите девет месеци изнесуваат 153,8 милиони денари. Вкупните оперативни расходи се 286,5 милиони денари. Во образложението дадено кон резултатите компанијата пишува: „На ниво на друштвото се направија максимални напори за намалување на трошоците, но покрај тоа вкупните оперативни расходи бележат голем раст во однос на истите од лани , кој пораст се должи на продажба на акции од страна на извршител кои друштвото ги поседуваше во други акционерски друштва, а кои се продадени со голема капитална загуба, од која произлегува и загубата во работењето на друштвото искажана во билансот на успех“

Што е продадено од акциите што ги имаше „Технометал Вардар“?

Во март годинава на јавна берзанска аукција се нудат на продажба 82.106 акции со право на глас во „Макошпед“ со почетна цена од 157 денари за акција. Аукцијата е на барање на дирекцијата за тргување со хартии од вредност на „Комерцијална банка“ и при тоа нивен клиент нуди на продажба 10,41 отсто од акциите со право на глас во „Макошпед“. Акциите се продаваат во пакет што значи „се или ништо“. Доколку има заинтересиран купувач тој може да стане сопственик на 10,4 отсто од акциите во „Макошпед“ за 209.000 евра, доколку нема конкуретска трка за овие акции. Тоа се акциите што во „Макошпед“ ги поседуваше „Технометал Вардар“. Тие акции се продадени по почената цена на наддавање на кое имало само еден понудувач.

Претходно на почетокот на годинава „Технометал Вардар“ ги продаде своите акции во „Уготур“ од акционерската структура на „Уготур“. Во јануари годинава на домашно физичко лице Наташа Милева по цена од 7 денари за акција. Тоа се околу 20 отсто од акциите со право на глас во „Уготур“. „Технометал Вардар“ наплати неполни 20.000 евра. Неофицијално Наташа Милева е вработена во „Фершпед“. „Фактор“ достави прашање до Драган Наков, најголемиот поединечен акционер во „Фершед“ и член на Управниот одбор дали Милева работи во таа компанија? Одговор не добивме.

Што се промени годинава во „Технометал Вардар“?

Во февруари годинава „Уготур“ плати  над 83.000 евра за да купи 23,2 отсто од сите акции со право на глас во „Технометал Вардар“ и сега е втор по големина акционер во таа компанија откако ги купи акциите што таму ги поседуваше адвокатот Јован Јоанидис.  Настанаа значајни промени и во управувачката структура. Последната промена настана пред неколку дена кога Георги Боцев беше именуван за В.Д. генерален директор по оставката што ја поднесе досегашната директорка Гордана Трајкова. Актуелни членови на Одборот на директори се: Цаца Зикова и Зоран Арнаутов (кои имаа или уште имаат работни ангажмани во „Фершпед“), Кочо Моцан, сопственик во фирмата „Мепком“ најголем акционер кој контролира 24,9 отсто од акциите и Александар Илијевски кој веројатно го претставува акционерот „Ултимус“ фирма која контролира 17,4 отсто од акциите. „Уготур“ е втор по големина акционер со контрола врз 23,25 отсто од акциите.

Што вреди во „Технометал Вардар“?

„Технометал-Вардар“ е компанија специјализирана за трговија која во минатото беше синоним за македонскиот извоз. Во осумдесетите години од минатиот век оваа фирма настана со фузија на компаниите „Технометал“ и „Вардар“. „Технометал Вардар“ е позната по тоа што поседува околу 8.500 квадратни метри во строгиот центар на Скопје и го издава под наем. Воедно оваа компанија поседува и дворно место од 1.25 квадратни метри во центарот на Скопје и уште 1.243 квадратни метри под објект. „Технометал Вардар“ поседува и 140.000 квадратни метри земјиште во индустриската зона во скопската населба „Маџари“  и затворен магацин од 4.600 квадратни метри. Според годишниот извештај за 2015 година „технометал Вардар“ го поседува и хотелот „Панорама“ во Крушево.Според истиот извештај менаџментот на компанијата од кирии планирал 635.000 евра приходи за во 2016 година. Веројатно износот е реализиран, но тоа ќе се потврди откако ќе биде објавен новиот извештај за работењето во 2016 година.

Кои се предизвиците на „Технометал- Вардар“?

Компанијата има голема кредитна изложеност, според податоците од годишниот извештај за 2015 година. Според пишувањето на менаџментот во периодот од 2008 до 2015 година „Технометал Вардар“ за отплати и камати по кредити спрема Комерцијална банка и Стопанска банка Скопје платиле 8,76 милиони евра од кои 3 милиони евра се од продажба на имот, а другите од работење на компанијата. Компанијата е застапник на големи светски компании од областа на безбедноста, енергетиката, опрема за пречистителни станици и други дејности. Според менаџментот во овој период тешко стопанисувале и тоа се рефлектира и на билансите на компанијата. Во 2015 година компанијата за камати и провизии платила 1 милион евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка