Како Трамп ќе го довлечка Apple во САД?
Објавено во: Економија 18 Септември, 2017
Американскиот претседател Доналд Трамп на својот легендарен Твитер профил ја ретвитна пародичната слика на која тој е прикажан како херој кој влече голем товар, а не него се компании како Apple кои своите фабрики ги отвараат преку Океанот и со тоа ги скратуваат работните места за американците во производството.
Трамп долго време го напаѓа Apple за непатриотизам иако технички и економски е невозможно iPhone смартфонот да се произведува во САД. Штом Трамп ја ретвитнува оваа слика најверојатно има некаква порака кон технолошкиот гигант и барем почетен план какви мерки да преземе со цел да изврши притисок врз Apple.
Сепак, тоа што е најинтересно е што тајванскиот производен гигант Qualcomm потпиша договор со САД за изградба на фабрика во Висконсин за што ќе добие државни субвенции во различни форми во висина до 3 милијарди долари ако заврши навреме и вработи голем број на луѓе.
Токму во Foxconn се склопуваат деловите за iPhone, а дел од нив таму и директно се произведуваат, па доколку фабриката во САД биде доволно ефикасна и модерна постои голема шанса и Apple да реши дел од производството да го пресели на домашно тло во Америка.
Засега од Apple не ги коментираат акциите на Трамп и притисокот кој тој го врши.