Каков е одзивот на референдумот за „Казандол“ во Валандово?
Објавено во: Македонија 20 Август, 2017
Повеќе од 35% од граѓаните на Валандово со право на глас излегле да гласаат на референдумот до 17 часот за или против отворање рудници, но и за или против работата на „Казандол“.
Од Општинската изборна комисија велат дека сите гласачки места утрово се отворени навреме и дека немало никакви проблеми.
По пат на граѓански активизам дојде до одржување на референдум во општина Валандово.
Граѓаните сметаат дека тие треба да донесат одлука затоа што не сакаат да имаат штетни последици по здравјето и за земјоделските култури.
За референдумот да биде успешен треба да излезат најмалку 5.200 жители со право на глас.
На 3 јули годинава Советот на општина Валандово на вонредна седница го прифати барањето за референдум на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ и едногласно донесе Одлука за негово распишување.