Каква ќе биде цената на нафтата во 2018 година?
Објавено во: Економија 12 Септември, 2017
Извршниот директор на „Роснефт“, Игор Сечин даде своја прогноза за тоа какви ќе бидат цените на нафтата во 2018 година.
„Во прелиминарната анализа, мислам дека следната година ќе имаме просечни цени за годината во опсег од 40-43 долари за барел“- рече Сечин во интервју за ТВ Русија 24.
Вели дека освен екстракција на шкрилци, влијание на цената на „црното злато“ ќе има и „девалвацијата на доларот“.
„Девалвацијата на доларот сега изнесува околу 20%. Ако ги додадете соодветните коефициенти, ќе видите дека во САД вистинската цена е околу 40 долари за барел“- објасни шефот на „Роснефт“.
Цената на нафтата од типот „брент" вчера достигна 53,70 долари за барел, зголемувајќи се за 30 центи,
откако саудискиот министер за нафта разговараше со венецуелскиот и казахстанскиот колега за продолжување на глобалниот договор за намалување на производството.