Каква порака има Могерини за балканските премиери?
Објавено во: Балкан 24 Мај, 2017
Шефицата на ЕУ дипломатијата, Федерика Могерини, денеска информираше дека на вечерата со балканските премиери ќе разговара за иднината на соработката помеѓу регионот и ЕУ.
Целта за оваа покана е како балканските лидери да најдат начин и да научат дека не треба да разменуваат националистички пораки. ЕУ се загрижена поради порастот на националистичкиот говор на Балканот, особено кога тој доаѓа од високи политичари.
„Во последните настани имаше некои тешкотии, но и некои добри чекори па оттука добро е да се сретнеме и да споделиме мислења, сите заедно, за чекорите што треба да се направат во иднина. Верувам дека ова е одлична можност за градење подобро регионално разбирање“ - вели Могерини.
Покана од Могерини за неформалната вечера доби мандатарот, Зоран Заев.На настанот ќе присуствуваат и премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, Еди Рама (Албанија), Иса Мустафа (Косово) и Дениз Звиздиќ (Босна и Херцеговина).