20 Април, 2024
0.0329

Какви барања испорача „За заедничка Македонија“?

Објавено во: Македонија 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Граѓанската иницијатива  „За заедничка Македонија“ го објави Македонскиот народен документ „Избори се за Македонија“. 

Тие бараат избори и отфрлање на плаформата на албанските партии. 

Нашата цел ќе биде остварена. За нејзино остварување имаме предвидено прецизни чекори кои ќе почнеме да ги соопштуваме од следната недела. Ние имаме предвидено и прецизни методи и активности со кои ќе стигнеме за реализација на оваа цел. Демократски методи, базирани на разум и мудрост, и базирани на сила, на силата на

мудроста и силата на народот во македонските градови и села. Барем и свикување на итна собраниска седница со единствена точка на дневен ред – прогласување и распишување на предвремени парламентрани избори во Република Македонија!Стратегијата не ја откриваме во целост, но стратегија имаме, исто како и оперативни и технички и тактички можности за таа стратегија да ја оствариме без разлика на противникот во земјата и надвор од земјата! Ќе отпочнеме консултации со сите релевантни општествени субјекти, ќе ја побараме и ќе ја добиеме нивната поддршка затоа то имаме благородна цел. Избори! Избори за народен легитимитет на институциите! Избори за отфрлање на разнебитувачките сценарија и отфрлање на соросовите пари за корумпираните политичари и нивните полуги. Оваа држава не е лична своина на било кој амбасадор, странска организација, емисар или тесна политичка клика, оваа држава е на народот!“ - порачаа од иницијативата. 

Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва на протестот вели дека нема да изберат Претседател на Собранието, без оглед на сите сценарија кои што си ги прават. 

Вели дека најавите за некакво насилно преземање, со останување на пратениците во Собранието по 18 часот е најмал проблем. 

„Нека останат после 18, да видат колку кандидати има за пратеници и за Претседатели на Собранието, да видат дека не се ништо повеќе од нас. Сме им дале доверба да работат во наш интерес, а не после избори да подметнуваат документи кои се максимално штетни за оваа држава. Како што влегле, така и ќе излезат! Само нека се осмелат!“ - вели Илиевски.

Оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од организаторите на  иницијативата рече дека е тажен затоа што другите не мислат како нив, и дека немаат капацитет за тоа. 

„Ние ќе бидеме уште 54 дена, уште 100 се додека тоа што го побаравме уште првиот ден не биде исполнети, тргање на страна на документ потпишан во странска држава, заверен со потпис на странски премиер. Се додека Тиранската платформа не биде отфрлена и не се распишат нови избори ние ќе бидеме на улиците. Се соочуваат со народ кој си ја сака државата, јазикот, знамето и се додека се чувствуваме загрозени ние ќе бидеме тука“ - кажа  Дурловски.

Во Скопје се протестира 54-ти ден против платформата од Тирана. 

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители