КАКВИ ПЛАНОВИ ИМААТ: Арапи купуваат земја во Војводина
Објавено во: Балкан 06 Мај, 2017
Куќите во околината на Сомбор ги купуваат претежно странци, а повеќето од нив се од арапските земји, објави Радиотелевизија Војводина.
На Бездански пат купени се повеќе од седум имоти. Куќи и дворови се продаваат и на стариот Сивачки пат.
Сепак, нема одговор од надлежните колку имоти се во сопственост на странци.
Странците во Србија можат да купат недвижен имот само ако постои реципроцитет, односно ако српски државјани кај нив можат да купат имот. Но, приказната е поинаква ако се работи за претприемачи кои се странци.
Српските медиуми досега неколку пати пишуваа дека се работи за куќи кои се екстремно евтини и чинат помалку од половен автомобил.