19 Април, 2024
0.0262

Какви промени се случија во Фершпeд, кој ги зема акциите на Алпен?

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во шпедитерската компанија Фершпед АД Скопје дојде до промена на дел од сопственичката структура откако Макошпед АД Скопје се стекна со 386 обични акции со што вкупно поседува вкупно 2.097 обични акции, односно 11,58 % од основната главнина на друштвото. 

Според информациите објавени на Македонска берза, дел овие акции или поточно 374 акции со право на глас се продадени од страна на Алпен, инвеститорот од Словенија кој со проджбата на акциите го намали своето учество во акционерскиот капитал на друштвото и повеќе не е акционер кој поседува над 5 % во основната главнина на друштвото.

Алпен Си мешовит флексибилен под фонд од Словенија во 2014 влезе во Фершпед тогаш купувајќи вкупно 1064 акции со право на глас со што поседуваше нешто над 5% од сопственичкиот капитал на друштвото. Алшен беше трет по големина акционер во АД Фершпед 

Со докуп на 350 акции со право на глас словенечки инвестициски фонд стана трет по големина акционер во „Фершпед", објави на Берза најголемата македонска шпедитерска компанија.

Трансакцијата ја потврдија и од Макошпед од каде ја информираа Македонската берза дека се стекнале со средства односно хартии од вредност во вкупна вредност што претставува 7,55% од средствата на Друштвото, согласно последните ревидирани годишни финансиски извештаи.

Цената на акциите на Фершпед се менува и од 53 илјади денари на 2 октомври годинава скокна на 66.500 денари на 10 октомври, за потоа да повторно да забележи пад на 60.500 денари што е и моментална цена. Така може да се пресмета дека оваа последна трансакција има вредност од околу 370 илјади евра вложени од страна на Макошпед.

Ова е континуитет на праксата Макошпед да купува акции од Фершпед за што Фактор во изминатиот период имаше постојано следење на состојбите преку свои анализи.

Од кои пари „Макошпед“ купува акции во „Фершпед“?

Зошто „Макошпед“ плати пола милион евра за грст акции во „Фершпед“ ?


Можеби ќе ве интересира

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет