25 Април, 2024
0.0643

Какви се прогнозите на ММФ за растот во Македонија и регионот?

Објавено во: Економија 19 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Меѓународниот монетарен фонд во најновата економска прогноза предвидува дека економијата на Македонија годинава ќе порасне за 3,2%. 

За 2018 година прогнозата за раст е 3,4%. 

Во документот објавен на традиционалното пролетно заседание на ММФ и Светска банка во Вашингтон, се посочува дека растот на македонскиот БДП до 2022 година ќе се движи до 3,8%. 

Највисок економски раст во регионов годинава ќе забележи Албанија со 3,7%, а најнизок Бугарија и Хрватска со 2,9%. Србија и Босна и Херцеговина годинава ќе ја завршат со раст на БДП од 3%, Косово 3,5% и Црна Гора со 3,3%.

ММФ и во 2018 година предвидува највисок економски раст од 4,1% да оствари Албанија, а по неа се Косово со 3,6%, БиХ и Србија со 3,5%, Македонија и Црна Гора со 3,4%, а најмал раст ќе имаат Бугарија со 2,7% и Хрватска со 2,6%. Грција оваа година ќе има раст од 2.2%, а во 2018 година од 2.7%. 

Светска банка во почетоков на април годинава излезе со прогноза дека македонската економија во 2017 година ќе забележи раст од 2,8%, а во 2018 од 3,3%.

Според проценките на ММФ, светската економија годинава ќе порасне за 3,5%,  а во 2018 година за 3,6%. 

Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст