Какви се промените во Управниот одбор на Скопски пазар?
Објавено во: Економија 19 Април, 2017
Скопски пазар сооошти дека согласно член 33 од Правилата за котација, ја известува јавноста дека со Решение од Централен регистар на Република Македонија со деловоден број 35020170009496 на ден 18.04.2017 година изврши упис на промена на членови на Управен одбор.
Во управниот одбор на Скопски Пазар АД Скопје дојде до промена откако Јован Јовановски повеќе не е член. Место во управниот одбор доби Снежана Ристова-Трифуновска.