29 Март, 2024
0.0241

Какви законски промени се „крчкаат“ за полагање за возачка?

Објавено во: Анализа 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Пратениците од мнозинството предводени од пратеникот и координатор на групата на СДСМ Тунтев, поднесоа предлог закон по скратена постапка во кој се вклучени измени наменети за подобра заштита на ранливите групи во сообраќајот и нивните права. Меѓу главните новитети кои треба да бидат изгласани се промена на возраста за стекнување право за полагање на возачка дозвола за моторно возило од 16 на 17 години, повеќе поволности се предвидени за највозрасната група на граѓани како и за самите инструктори во автошколите. 

- Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е релативно нов закон, од 2015 година и беше усвоен со европски предзнак, што укажува дека во најголем дел е усогласен со регулативите на Европската унија. Со тоа се покажа дека се стремиме кон прифаќање на евроските проекти, во насока на  надминување на досегашните недоследности и проблеми кои се појавуваа во пракса и поефикасно функционирање во областа на безбедноста на сообраќајот. Бидејќи основата цел е посттигнување на нула незгоди кај децата и другите ранливи категории неопходно е континуирано унапредување на состојбите преку соодветно ревидирање на законските решенија, стои во објаснувањето на пратениците зошто овие законски измени треба да се донесат.

Предлогот на закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата содржи 6 членови. Во членот 1 кој се однесува на членот 232, се предвидува стручните раководители како дел од стручниот кадар на автошколите да не треба да поседуваат возачка дозвола за сите категории „А“, „Б“, „Ц“ и „Д“, туку само од категориите за кои автошколата има лиценца за давање обуки. 

Со членот 2 се менува членот 275, во делот кој се утврдува возрасната граница на лица кои може да управуваат со трактор, и наместо со 16 години се предлага лицата од 17 години да може да управуваат со трактори. 

Во членот 3 се менува членот 304 став 1 и во однос на рокот на важење на возачката дозвола се предлага да се покачи старосната граница, односно на лицата над 70 години да им се издава возачка дозвола со важност од три години, а нека како до сега што беше уредено, за лицата постари од 65 години.

Член 4 се однесува на член 325 и е во насока на усогласување со предложената измена на предходниот член 3, и се предлага на задолжителни контролни здравствени прегледи да подлежат лицата над 70 години.

Со членот 5 се менува член 331, каде се предлага зголемување на старосната граница на децата за стекнување со право на оспособување за управување со моторно возило од „Б“ категорија и наместо со 16 се предлага тоа право да го стекнат со навршување на 17 години возраст. Воедно се брише критериумот за тие деца да имаат одличен успех и примерно поведение, бидејќи тоа не е критериум за полагање на возачки испит, и претставува дискриминирачки критериум за децата.

Во предложените законски измени има и повеќе нови предуслови за малолетниците кои сакаат да полагаат за возачка дозвола, а тоа се одобрение од псисхологот, педагогот или класниот раководител од нивното училиште заверено на нотар, со за 30% повеќе часа практична настава во однос на останатите кандидати за возачи.


Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот