24 Април, 2024
0.0290

Какво CV ви треба за во Google и Apple

Објавено во: Стил 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Лакман Гејл Мекдауел, кој работел за Apple, Microsoft и Google, напиша книга со совети за тоа како да се дојде до работа во овие големи ИТ компании. Мекдауел, како што пишува  порталот „Бизнис Инсајдер“ во својата книга издвојува девет главни работи на кои што големите компании обрнуваат внимание при разгледувањето на биографии. Како што тој наведува, овие работи се клучни за тоа дали ќе ве викнат на интервју за работа и дали ќе преживеете уште еден неуспех. Еве ја листата на совети на Мекдауел: 1.Ако имате диплома од престижен универзитет, вашите шанси да бидете викнати на интервју се сначајно поголеми 2.Google и Apple сакаат да видат релевантно работно искуство. Ако сте биле келнер кога сте имале 19 години, тоа за нив воопшто не е важно и атрактивно. 3. Твоето главно занимање. Хонорарни уметници и хемиски инженери, жалам но мора да најдете друг начин кој ќе ви „упали“Google или на Apple. Од друга страна, сметководители, експерти во финансии, маркетинг или информатичката технологија имаат поголми шанси да бидат забележани од тимот за „човечки ресурси“ на овие компании. 4. Големи технолошки корпорации сакаат да видат луѓе кои го враќаат својот долг кон заедницата 5. Исто така, преферираат добри говорници и комуникативни луѓе 6.Ако сеуште одржуваш пријателство со универзитетските професори, тоа дефинитивно е предност за нив. 7.Покажи дека знаеш да работиш на различни позиции, задачи и работни емста во рамки на компанијата 8.Луѓе со претприемачки дух имаат подобри шанси за работа. 9 Добрата вест: просек од оценките на факултет не се толку важни Конечно, пожелно е и важно да се се потрудите,  бидејќи вработување во технолошкиот гигант како Google или на Apple навистина може да се исплати.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган