Какво мислење има Трамп за Макрон?
Објавено во: Свет 20 Јули, 2017
Американскиот претседател, Доналд Трамп денеска ја спомена неговата неодамнешна посета на Париз, изјавувајќи дека неговиот француски колега, Eмануел Макрон сака да го држи за рака.
„Макрон е одличен дечко, интелегентен, силен и сака да ме држи за рака. Луѓето не сфаќаат колку тој сака да ме држи за рака и тоа е добро. Строг е, но мора така. Мислам дека ќе биде супер претседател на Франција“ - вели Трамп.
Трамп и неговата сопруга Меланија на 14 јули беа почесни гости на традиционалната воена парада во Париз по повод одбележувањето на Денот на падот на Бастиља.
За воената парада, американскиот претседател изјави дека била најубавата која што некогаш ја видел, а тој ја спомена и вечерата во ресторанот на Ајфеловата кула, велејќи дека никогаш не видел толку многу луѓе пред неа.
Претходно видео од долгото и цврсто ракување меѓу американскиот и францускиот претседател се појави во медиумите.