18 Април, 2024
0.0307

Какво решение предлага Вучиќ за Косово?

Објавено во: Балкан 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Повикот на српскиот претседател,  Александар Вучиќ за широк општествен дијалог за Косово, кој ќе почне во септември, се подготвени да го прифатат САНУ, СПЦ и дел од опозицијата, oбјави весникот „Блиц“.

Белградскиот весник, уште пишува еден дел од опозицијата ја прифаќа поканата, а дел инсистира на единствен став околу истата. Некои опозициски партии бараат од Вучиќ конкретно решение.

Шефот на државата најави дека покана да учествуваат во дијалогот ќе добијат сите релевантни политички партии, невладини организации, СПЦ и САНУ.

Од СПЦ порачуваат дека Црквата „со задоволство ќе му помогне на државниот врв“, а подготвеност да дадат свое мислење изрази и генералниот секретар на САНУ, Марко Анѓелковиќ.

Вучиќ  српските граѓани ги повикал на внатрешен дијалог за Косово, со цел товарот да не се остави на идните генерации и затоа треба заедно да најдат одговор кој ќе биде траен и ќе го исклучи конфликтот како опција.

„Време е како народ да престанеме да ја ставаме главата во песок и да се обидеме да бидеме реални, да не дозволиме да го изгубиме или на некому да го предадеме она што го имаме, но и да не очекуваме дека во раце ќе ни падне, она што одамна го загубивме“- пишува Вучиќ, во авторска статија за „Блиц“.

За албанска грешка, и тоа голема, Вучиќ го смета недостатокот на разбирање на српската држава и националните интереси и нивното потценување.

Можеби ќе ве интересира

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе

ТАТКОТО НА ДАНКА ОТКРИ ДЕКА ТРПЕЛЕ НАВРЕДИ: Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе

ЗИМСКИ БРАН ВО РЕГИОНОТ: Снег падна и во Сараево

ЗИМСКИ БРАН ВО РЕГИОНОТ: Снег падна и во Сараево

ОВА НЕ СМЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ СРЕДЕ ЗИМА! Погледнете како вее снег во овој дел на Србија на средина на април (ФОТО)

ОВА НЕ СМЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ СРЕДЕ ЗИМА! Погледнете како вее снег во овој дел на Србија на средина на април (ФОТО)

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Досега се извештачени 400 траги пронајдени во службеното возило на ЈКП Водовод

KOСОВО МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Усвоен е нацрт - извештајот на Дора Бакојани

KOСОВО МОЖЕ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Усвоен е нацрт - извештајот на Дора Бакојани