24 Април, 2024
0.0355

Камерон: Развиените земји мора да преземат мерки за спас на светската економија

Објавено во: Свет 02 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги повика челниците на осумте индустриски најразвиени и економски најмоќни земји во светот да преземат решителни мерки за да ја заживеат светската економија.
„Јасно е дека во 2013 година светската економија ќе се соочи со несигурност, амбициозните критериуми и решителните мерки коишто ние ќе ги поставиме како челници на осумте земји коишто го сочинуваат речиси половината од светскиот БДП може да значат конкретна разлика која што ќе ја поттикне економијата", наведе Камерон чијашто земја во 2013 година претседава до групата Г8,  во писмото упатено до лидерите на Канада, Германија, САД, Франција, Италија, Јапонија и Русија. Тој изрази надеж дека самитот на Г8 кој треба да се одржи на 17-ти и 18-ти јуни во Северна Ирска, ќе претставува можност за приближување кон таа цел, за што според него ќе треба цврста волја и повеќемесечни ангажмани. Инаку самитот треба да биде посветен на дискусија за три теми: за борбата против протекционизмот, борбата против избегнувањето на оданочување и промоција на транспарентноста во дејствувањето на компаниите и националните економии. Како што најави Камерон, како еден од приоритетите исто така е воспоставувањето на договорот за слободна трговија меѓу Европа и САД.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството