26 Април, 2024
0.0270

„Камфуд“ Дооел Скопје преговара со светски познат хотелски бренд за изградба на хотел со пет ѕвезди во Охрид

Објавено во: Мои пари 01 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Македонската компанија „Камфуд“ е во напредна фаза во преговорите со еден од најреномираните светски хотелски брендови за изградба на хотел со пет ѕвезди на брегот на Охридското Езеро.

- Она што до овој момент можеме да го кажеме е дека преговорите се одвиваат според предвидената динамика. Станува збор за огромен проект и мора да се согледаат сите аспекти. Во оваа фаза можеме да потврдиме Охрид ќе добие супер-модерен објект по највисоки стандарди и ќе се најде на мапата на светски познатите хотелски брендови. Тоа ќе значи и многу вработувања и подигнување на нивото на економски развој во Охрид, но и поширокиот регион. Нашиот најголем туристички центар сега ќе може рамноправно се носи на туристички план со земјите од регионот и европските земји, велат од „Камфуд“.

Станува збор за исклучително атрактивната крајезерска локација, во локалитетот „Св. Стефан“, со површина од 6.750 м2 под објекти, односно вкупна површина од околу 21.000 м2. Минатата година компанијата ја купи поранешната Детска болница за 1,2 милиони евра.

КАМФУД Дооел Скопје е компанија која се занимава со издавање и управување со сопствен недвижен имот  или недвижен имот земен под закуп и претставува дел од КАМ холдинг група, основана во 1999 година, познати малопродажен ланец со истиот модел како Алди, Лидл, Плус и др Имаме повеќе од 60 КАМ супермаркети низ земјата и започнат е влез  нa  нови пазари во регионот

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет