19 Април, 2024
0.0282

Камп за млади иноватори и претприемачи

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Од 1-ви до 5-ти март, 2017 година, во Дојран ќе се оддржи првиот Камп за млади иноватори и претприемачи во организација на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги на МСП формиран во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Организацијата на овој камп финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа, а договорен орган за спроведување на активностите е Knowledge Center. Главна цел на кампот е да ги научи младите луѓе од овој регион како да создадат вредности, како да развијат својсопствен бизнис и како да ги зајакнат своите капацитети за иновации и претприемништво.  

Активностите на Кампот ќе бидат од сферата на бизнис, претприемништво, иновации, маркетинг и менаџмент; но и обуки за изработка на професионална биографија; life-skills;како и организирање дополнителни спортски активности (јога, фитнес, аеробик).

Учесниците на Кампот ќе бидат сместени во соодветен угостителски објект на база 5 дена/4 ноќи, каде ќе се одржат сите активности. Со цел успешно да се спроведе Кампот, покрај обучувачите од Knowledge Center, на кампот ќе учестуваат и успешни претприемачи од регионот кои ќе ги споделат своие приказни со учесниците.

Услови кои што треба да ги исполнувате доколку сакате да учествувате на кампот се: 1) да сте на возраст помеѓу 18-29 години и 2) да живеете во некоја од 10-те општини кои го сочинуваат Југоисточен плански регион. Селекцијата на најдобрите 15 кандидати ќе биде според квалитетот на вашиот одговор за идејата која ја имате, областа во која сакате да работите, и проблемот кој сакате да го решите. 

Рокот за пријавување е до 20-ти февруари, 2017. За повеќе информации можете да не контактирате на ivana.hristova@rdc.mk(тел. 071 22 11 32) и kc.julija@gmail.com(тел. 078 30 15 40).

Повеќе за Кампот можете да прочитате на следниот линк http://i-lab.mk/index.php/mk/news-events-mk/245-wanted

Апликацијата може да ја пополните на следниот линк:http://i-lab.mk/index.php/mk/proekti/247-kamp-za-mladi-inovatori-i-pretpriemachi  

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година