29 Март, 2024
0.0419

Канческа Милевска си го бара пасошот, а СЈО бара притвор за неа

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во Апелациониот суд денеска беше разгледната жалбата на eкс министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска обвинета во предметот „Тендери“ во кој таа и уште две лица се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување. 

Канческа Милевска си го бара пасошот назад, а СЈО повторно побара притвор за неа.

„Изненадена сум од мерките кои што се приложени од страна на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи не постои ниту најмала причина кој што води во насока на попречување на самата постапка бидејќи секогаш уредно сум се јавувала на поканите на СЈО и секогаш престваниците од обвинителството биле примени во мојот кабинет“- вели Канческа Милевска. 

Таа вели дека верува во правниот систем на Република Македонија и се надева дека одлуката ќе биде во нејзина корист.

Екс министерката  е првоосомничена во случајот за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“. Со злоупотребата буџетот, според СЈО, бил оштетен за околу 54 милиони денари.

Обвинителот Гаврил Бубевски повтори дека СЈО бара притвор за Канческа-Милевска.

За екс министерката и за второобвинетиот во предметот „Тендери“ се бара притвор, а за третообвинетиот само одземање на пасошот.

Можеби ќе ве интересира

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата