29 Март, 2024
0.0979

КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ: Плановите големи, проектите ги нема!

Објавено во: Финансии 21 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Сума од 438 милиони евра е предвидена за капитални инвестиции во предлог-Буџетот за следната година. Со вака планирана сума, власта се пофали дека ќе реализира историски највисок износ на капитални инвестиции.

Сепак, изминатите години се покажа дека износите што со буџетите беа планирани за капитални инвестиции, никогаш не се реализираа во целост, пред се затоа што првично планираните суми речиси секогаш се кратеа со ребалансите, а потоа дури и скратените износи не беа реализирани во целост.

Па така, за годинава првично беше предвидена сума од 416 милиони евра за капитални инвестиции, која потоа со двата ребаланси беше скусена на 366 милиони евра. Од оваа планирана сума, до крајот на јуни, односно во првите шест месеци од годинава, реализирани се капитални инвестиции од 128 милиони евра, или само 35% од сумата планирана со последниот ребаланс.

Колку капитални инвестиции се планирале, а колку се рeализирале изминатите години?

Анализата на податоците од буџетите покажува дека  ниту една година, капиталните инвестиции не се реализирани во износот во кој се планирани.

Минатата година, со ребалансот на буџетот била планирана сума од 361 милиони евра за капитални инвестиции, но биле реализирани 303 милиони евра.

Слична е состојбата и во 2014 година кога со ребалансот биле планирани 343 милиони евра, а на крајот на годината е реализиран износ од 286,5 милиони евра капитални инвестиции.

Претходно во 2013 година со ребалансот се предвидени 327,7 милиони евра а реализирани биле 270 милиони евра.

Потфрлање во реализацијата на капиталните инвестиции има и во 2012 година, кога со ребалансот биле планирани 348,5 милиони евра, а реализирани биле 305 милиони евра.

Во 2011 година со ребалансот биле планирани 341,3 милиони евра, а реализирани биле 288 милиони евра.  Додека пак во 2010 година со ребалансот биле планирани 288 мииони евра, а се реализрале 249 милиони евра.

Во 2009 година со буџетот биле планирани 476 милиони евра кои потоа со првиот ребаланс се скусени на 386,2 милиони евра, со вториот ребаланс се скусени на 313 милиони евра, а на крајот на годината реализирани се 218,3 милиони евра.  

Во 2008 година со буџетот биле планирани 348,5 милиони евра, потоа со ребалансот се зголемени на 438,4 милиони евра, а со следниот ребаланс има кратење на 418 милиони евра, а на крајот на годината биле реализрани 326,2 милиони евра.  

Што предвивува буџетот за 2017 година во својата развојна компонента?

Следната година владата за гасификација да намени 30 милиони евра, пари кои се заем од Дочје банка и Ерсте банка, и уште 1,2 милиони евра од буџетот.

Додека за железничката инфраструктрура се наменети 19,3 милиони евра, дел од буџетот и дел од заеми.

„Со планираните инвестиции во железничката инфраструктура опфатено е редовното и тековното одржување во постојната железничка инфраструктура, реализација на проектот за подобрување на железничката пруга Коридор 10, рехабилитација на железничката пруга Коридор 8 - делница Куманово - Бељаковце, рехабилитација и изградба на нова пруга Коридор 8 - делница Бељаковце - Крива Паланка, стои во предлог Буџетот за 2017 година

Потоа, предвидени се 17,8 милиони евра за подобрување на општинските услуги, проект поддржан со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка.  И уште 98 милиони ера за регионален развој, кој е дел од третата компонента од ИПА фондовите и каде влегуваат проектитеза изградба на Коридор 10, проектот за изградба на пречистителна станица во Прилеп и проект за рехабилитација и доизградба на железничката пруга Битола-Кременица.

Но, исто така 12,2 милиони евра се превидени за објектот зграда за Јавна администрација, Факултет за драмски уметности и Градска куќа, како и за изградба на објект за потребите на Државниот завод за ревизија. При тоа има и дополнителни 733 илјади евра за вршење на градежни работи и реконструкции во објекти на Владата на Република Македонија. Упте 2,1 милиони евра се предвидени и за зградата на министерството з атранспорт и врски, а 3,4 милиони евра за плоштадот Скендер Бег. Ќе има нови пари и за жичарата и тоа во износ од 325 илјади ера

За модернизација во Министерството за одбрана има наменето 18,2 милиони а, за реформи во полицијата 8,8 милиони евра . Додека 6,1 милиони евра се предвидени за  реконструкција на казнено-поправните установи, финансиран со заем од Банката за развој при Советот на Европа.

Само 147 илјади евра се предвидени за поддршка на за мали и средни претпријатија, а за технолошко индустриско развојните зони има 4 милиони евра.

Во делот на здравството пак има 8,5 милиони евра сума наменета за проекто за изградба на нов Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје во кој ќе бидат сместени најмалку 25 клиники и неколку институти, како и изградба на нова Клиничка болница во Штип.

Наташа Стојановска 

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап