19 Април, 2024
0.0294

Капри: Скап, но прекрасен остров

Објавено во: Стил 19 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Туристите раскажуваат дека речиси насекаде, каде што оделе во Италија, им се допаѓа, но на островот Капри се почувствувале специјално. Атмосферата таму е навистина воодушевувачка, кристално чисто море, плажи, импресивна архитектура. Тоа е планински остров, кој се наоѓа во Тиренското Море. На островот има два града - Капри и Анакапри, првиот е главен град пристаниште. Капри е мал, но релативно скап град. Пицериите и кафулињата, дури и на централните улици држат високи цени. Во Капри се наоѓа и изградениот пред 100 години светилник „Faro Anacapri Punta Carena“. Тој е вториот најсилен светилник во Италија. Ако Капри е достапен за секој љубопитен турист, летувањето овде не е за секого. Ноќевањата се скапи, но можно е вон сезона да се најдат хотели за 145 евра. Шопингот исто така не е за секого. За разлика од Рим, каде што има продавници и стоки за сите, во Капри продавници имаат главно најпознатите дизајнери на облека и чанти. Тука може да купите панталони за 2000 евра, јакни за 5000 евра и торби поскапи од 3.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре