Караџиќ до Хаг: Случајот против мене беше нечесен
Објавено во: Балкан 20 Април, 2017
Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, од Апелацискиот совет на Меѓународниот трибунал во Хаг побара да му ја преиначи пресудата од 40 години затвор за геноцид и злосторства против човештвото за време на војната во Босна од 1992-1995 година, и да му изрече праведна одлука, пренесе Танјуг.
Во својот одговор на жалбата на обвинителството, напишан на 109 страници, Караџиќ го повикува Апелацискиот совет да го направи „тоа што е правилно и праведно, а не тоа што се очекува“.
Во документот Караџиќ посочува дека процесот против него бил „нечесен“ и довел до грешни заклучоци во пресудата.
Според неговите тврдења, обвиненијата на обвинителството биле неточни и затоа пресудата е незаконска.
Караџиќ побара Апелацискиот совет да ја отфрли жалбата на обвинителството, кое побара неговата пресуда да биде сменета на доживотен затвор, пренесува Макфакс.