19 Април, 2024
0.0262

Каракамишевa: Дали Македонците конечно ќе се освестат што се прави во нивната држава?

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Универзитетската професорка, Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил се осврна на Законот за употреба на јазиците кој беше усвоен вчера во Собранието. 

Таа смета дека претседателот, Ѓорѓе Иванов ќе го блокира законот, но затоа што е најавено негово повторно гласање доколку Иванов стави вето, според неа потребни се протести, а не само критикување од дома на Фејсбук и Твитер.

Гледам голема прашина крена вчерашното изгласување на Законот за јазиците, читај: Законот за албанскиот јазик. Иако устата пена ми фати од зборење за последиците од неговото носење во државата, дека истиот е неуставен и неевропски, еве уште сум тука и уште зборувам, но сега и јавно прашувам: Што ќе преземат Македонците откако претседателот Иванов се поизвесно е дека нема да го потпише указот за негово прогласување и откако истата содржина на закон ќе биде вратена пред пратениците на повторно гласање? Согласно Уставот, ако претседателот Иванов не го потпише указот законот се враќа во Собрание. Ако пратениците повторно го изгласаат законот во истава содржина Иванов е должен да го потпише указот. Ова значи дека мајката му е во овој меѓупериод да се организира конкретен тип на граѓанско незадоволство. Прашањето е дали во овој последен вагон од возот разочараните по Фејсбук и Твитер Македонци независно од нивната партиска припадност ќе изразат конкретно незадоволство со кое ќе можат да го спречат неговото повторно изгласување, како што најави Артан Груби со вчерашните изјави, или пак ќе спиеме на ушите? Дали и натаму ќе кукаме по Фејсбук, Твитер, и слично колку е ова не фер и не коректно или Македонците конечно ќе се освестат што се прави во нивната држава“ - прашува професорката. 


На крајот од постот таа прашува дали ќе дозволиме уште едно гласање на овој ист закон во Собранието.

Денеска бројни реакции имаше за овој закон. 

Група на еминентни професори меѓу акад. проф. д-р Катица Ќулавкова, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, проф. д-р Симона Груевска-Маџоска, со отворено писмо до претседателот Иванов бараат тој да стави вето на новиот предлог закон за употреба на јазиците на граѓаните над 20% бидејќи сметаат дека е неуставен и дека ќе донесе многу лоши последици врз Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?