18 Април, 2024
0.0250

Кариерни правила кои кога-тогаш ќе ги прекршите

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Успехот на работното место и кариерата во голема мера се должат на почитувањето на одредени правила. Секогаш сепак човек не треба да ги следи слепо. Видете кои се 4-те кариерни правила кои некогаш ќе ги прекршите.

Сите ние сме ги слушале овие верни и тестирани клишеа, наменети да не насочуваат по патот на кариерниот успех. Обично тие доаѓаат од реномирани луѓе кои имаат постигнато многу во својот живот. Овие правила, сепак не секогаш можат да се применат од секој човек. Само ситуациите, можностите и изборите се толку многу и толку различни за сите нас што точниот одговор нема како да е ист и секогаш.

Заради оваа причина, порано или подоцна ќе треба да прекршите некои кариерни правила. Еве 4 од нив:

„Правете го тоа што го сакате“

Има ли поубаво нешто од тоа да го работите она што го сакате? Тоа е сонот на повеќето луѓе, кој се претворил во правило за кариерен успех и сигурен начин за работно задоволство. За жал, животот не може да им понуди на сите она за што сонуваат во однос на работата. Ако сте ставени во ситуација во која треба да изберете дали да добивате повеќе пари, за да живеете добро или да го правите она што сакате, но против скромно плаќање - што би одбрале? Повеќето луѓе ќе ја сакаат финансиската стабилност, особено ако имаат семејство и повеќе одговорности.

Не напуштајте ја работата пред да пронајдете друга“

Тоа е правило кое го следат многу луѓе. Тие сакаат да бидат сигурни дека нашле подобро место каде ќе одат и дури потоа да ја напуштат оваа работа. Ова им дава сигурност - како психички, така и физички. Ова правило сепак може да биде нарушено, ако човек буквално е „принуден“ да ја напушти - поради лошиот однос на својот шеф, неповолната работна средина или нешто друго исто толку непријатно. Понекогаш нема смисла да останете на работа, која буквално ги уништва вашите сили и среќа, а е редно да ја напуштите поскоро. Секогаш е убаво да имате малку заштедени пари „за црни денови“, кои би ви дале спокојство токму во такви кризни моменти, додека си најдете нова работа.

„Треба да остане на работното место минимум една година“

Имате нова работа, сè изгледа одлично ... но само за кратко. Загрижени сте, меѓутоа, дека во автобиографијата нема да изгледа добро, ако сте се задржале во одредена фирма само неколку месеци. Многу работодавци не гледаат со добро око на кандидати со таква историја, бидејќи обуката на секој кадар бара ресурси кои тие нема да сакаат да ги трошат. Ако сепак вие не се чувствувате добро на работното место, имате две можни варијанти пред себе. Првиот е да разговарате со вашиот шеф да се префрлите на друга позиција со различни обврски кои би ве задоволувале и да заминете при откажување на оваа апликација. Вториот е директно да заминете без обиди за разбирања и без разлика што не сте работеле во оваа компанија најмалку една година.

„Никогаш не кажувајте ја први посакуваната плата“

Многу специјалисти советуваат никогаш да не кажувате прв каква плата сакате за време на интервју за работа. Тоа е правило кое сепак некогаш неизбежно ќе треба да го прекршите. Затоа, кога ви го постават прашањето: „Која плата би сакале да ја имате“, имајте во предвид неколку работи. Подобро е да кажете сума, малку повисока од саканата, за да имате можност за преговори. Покрај тоа, не заборавајте дека дури фирмата да била подготвена да ви даде повеќе пари, никогаш нема да го направи тоа, ако вие веќе сте рекле помалку. Најдобро направете физибилити студија и внимавајте на финансиски барања во неа. Сигурно не е добра идеја и да кажете премногу голема сума, бидејќи тоа може да ги „убие“ шансите да ве вработат.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре