29 Март, 2024
0.0378

Карлес Пуџдемон и неговите соработници се предадоа на полицијата во Белгија

Објавено во: Свет 05 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Разрешениот каталонски лидер, Карлес Пуџдемон и четворица членови на неговата влада денеска се предадоа на полицијата во Белгија. 

Судот има рок до утре изутрина да донесе одлука како ќе се дејствува по налогот за нивно апсење издаден од шпанските власти.

„Петте лица што ги бара Шпанија дојдоа сами во судската полиција во Брисел и беа лишени од слобода. Сите ќе бидат сослушани, по што истражен судија ќе треба да одлучи дали да го активира европскиот налог за апсење“-  изјави Жил Дежемеп, портпарол на белгиско обвинтелство.

Пучдемон и неговите соработници заминаа за Белгија откако шпанските централни власти привремено ја суспендираа автономијата на Каталонија по референдумот за независност на регионот. 

По референдумот за независност, тие се гонат за поттикнување на бунт, и им се закануваат и по 30 години затвор.

Разрешениот каталонски претседател, во четвртокот не се појави на распит во шпанскиот Врховен суд. Од Брисел порача, дека во Шпанија ќе се врати за  регионални избори, кои ги распиша централната влада во Мадрид, откако и ја укина автономијата на Каталонија. Пучдемонт рече дека ќе учествува на изборите, и ги повика сите про-независни партии во Каталонија,  да се обединат во голема коалиција.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?