Касами си даде оставка од пратеник, за градоначалник ќе се трка со Теута во Тетово
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017
И официјално лидерот на БЕСА се откажа од пратеничкото место во собранието за да може да се кандидира за градоначалничка функција.
Билал Касами поднесе оставка а на претстојните избори закажани за 15 октомври ќе се трка со актуелната градоначалничка Теута Арифи.
Кабинетот на претседателот на Парламентот потврди дека Билал Касами се повлекува од пратеничката фотелја.
И официјално битката за градоначалнички фотељи започна.
На полноќ, истече рокот за поднесување на кандидатите за градоначалници и листите со кандидати за советници. Кој против кого на локалните избори, закажани за 15 - ти октомври читајте овде.