КАТАЛОНЦИТЕ ГИ ПРАЗНАТ БАНКИТЕ: Дали ќе извршат притисок на Мадрид?
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2017
Каталонците масовно ги вадат парите од банките кои ги преселија своите седишта на други локации во Шпанија.
Повеќето од нив повлекуваат по 150 или 160 евра од банкоматите. Износот е мал, а според членот 155 од Уставот на Шпанија владата може да ја суспендира автономијата на Каталонија.
Двете големи каталонски банки, „Каиша“ и „Сабадељ“, ги преселија седиштата од Каталонија по референдумот.
Ова се случува во ек на кризата по референдумот за независност.
Приврзаниците на идејата за отцепување на Каталонија синоќа ги повикаа Каталонците да ги повлечат парите од банките и така да извршат притисок врз тие институции.
Десетици луѓе чекале во редици пред филијала на банката „Каиша“ во центарот на Барселона.
Шпанската влада соопшти дека утре ќе ја укине автономијата на Каталонија.
Мадрид вчера соопшти дека ќе преземе чекори кон одземањето на автономијата на Каталонија, бидејќи каталонскиот водич Карлес Пучдемон се закани дека официјално ќе прогласи независност доколку централната власт продолжи со „репресијата“.