КАТАР ОДЛУЧИ: Воведува нови мерки за борба против тероризмот
Објавено во: Свет 21 Јули, 2017
Декретот цели кон одмрзнување на односите во Персискиот залив.
Емирот на Катар шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани издаде декрет со кој се внесуваат промени во Законот за борба против тероризмот, соопшти ДПА, повикувајќи се на Катарската новинска агенција.
Декретот содржи дефиниции на поимите тероризам, криминал, терористички акт, терористичка организација. Земјата почнува борба против финансирањето на тероризмот.
Документот предвидува и создавање на две национални листи - на терористи и терористички организации.
На 5 јуни Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет соопштија дека ги прекинуваат дипломатски односи со Катар, обвинувајќи го за поддршка на тероризмот. Тие воведоа економски санкции и транспортна блокада на Катар, поставија 13 услови за нормализирање на односите и ги предадоа на Доха со посредство на Кувајт.