Катарските власти тврдат дека не поддржуваат терористи
Објавено во: Свет 09 Јуни, 2017
Катар негира дека е поврзан и поддржува тероризам.
Земјата денеска ги отфрли како неосновани обвиненијата, кои се спомнати во списокот, што го објави Саудиска Арабија и нејзините сојузници.
На спискот се наведени лица и организации поврзани со тероризам, за кои се тврди дека имаат поддршка од Доха.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин вчера го зајакнаа притисокот врз Катар затоа што според нив, се меша во внатрешните работи на соседите и поддржува и финансира исламистички групи.
Четирите земји објавија црн спосок со имиња на 59 физички лица и 12 правни лица, кои се поврзани со тероризам и имаат поддршка од Доха.
На списокот се лидерот на организацијата Муслимански браќа, Јусеф ал Карадави и добротворните фондации „Катар чарити“ и „Ејд чарити“.
Меѓу наведените 18 Катарци, кои го финансираат тероризмот има бизнисмени, политичари, високи членови на владејачката династија, и поранешениот министер за внатрешни работи.