23 Април, 2024
0.1544

Катастарот со новини – редовите за имотен лист заминуваат во историјата

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

За еден месец околу 1.000 имотни листови во име на Агенцијата за катастар на недвижности, издале општините, геодетските фирми и нотарите, преку новата апликација i-cat. - Во тест периодот за еден месец склучивме 91  договор и се издадени  над 970 имотни листови. Наместо да дојдат во катастарот, граѓаните го вадат имотниот лист веќе кај нотарот, геодетот или во општината. Интересот е голем и  секој ден пристигнуваат нови барања. Упатуваме повик до сите општини, нотари и  геодетски компании да се приклулчат на овој систем бидејќи така ќе се олесни нивната работа и на граѓаните на подрачејто каде работат, изјави по средбата директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпевски. Трпевски ги најавил и законските измени што планира Катастарот да ги достави до крајот на месецов до Владата. А со нив ќе се овозможи Агенцијата за катастар заедно со општините  во најскоро време да воспостави регистар на градежно земјиште. Агенцијата планира  да направи и масовна евалуација на недвижностите, со што ќе функционира и како берза на недвижности. - Ќе имаме проценка на сите недвижности на ниво на една катастарска општина,  на ниво на општина, населба, град  или на ниво на цела држава. Тоа  буквално значи дека катастарот како институција каде доаѓаат  сите договори за купопородажби,  што е веќе  воспоставена меѓународна пракса, ќе биде берза на недвижности. Секој граѓанин ќе може пред да купи стан да  провери каква била вредноста пред да го купи. Исто така,  на дневна основа катастарот ќе го покажува индексот на пазарот на недвижности во Македонија. Ќе се знае точно  дали пазарот, на пример во централното подрачје, расте или паѓа, која е просечната цена. Исто така, ќе се знае по која цена се плаќа за закупнините. Многу работи ќе му бидат познати на граѓанинот пред да се одлучи за каква било инвестиција, појасни Трпевски. Агенцијата за катастар на недвижности до средината на годинава ќе изготви софтвер кој ќе овозможи  примена на системот за да  наесен  се стартува со внесување на првите детални урбанистички планови.

Можеби ќе ве интересира

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените