25 Април, 2024
0.0271

Катерина Ангеловска: „Биди најдобра верзија од себе“

Објавено во: Стил 20 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Секој од нас има своја визија, насока и цел кон која се фокусира. Таа знае што сака. Точно ја трасира својата патека на успехот.

Катерина Ангеловска е тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор на книгата 333 Афирмации. Нејзиниот авантуристички и позитивен дух, како и личното долгогодишно истражување во психологијата и филозофијата резултира со звањето сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Jack Canfield. Со Катерина ќе се дружиме на конференцијата „100 Жени Претприемачки“ на 28 ноември. 

Нејзината мотивирачка и позитивна аура прочитајте ја денес на Женски Магазин, овде.

Женски Магазин – Со што треба да почне човек кога ќе се најде во ситуација која му изгледа безизлезно?

Катерина – Со промена на вибрацијата, а најдобро е да започнеме со промена на мислата. Мислите се како брановите што се наоѓаат на површината, од каде и произлегува нашето однесување. Не постои начин бранот да ја запознае длабочината сè додека е бран, потребно е бранот да исчезне во длабочината и тогаш да ја запознае. А длабочината е нашата имагинација, бескрајна во своето постоење, непредвидлива, жива. Потребно е да се ослободиме од обвинувања и жалења, од осуда, од чувствата на страв, омраза, лутина и бес. Потребно е да станеме свесни и да бидеме најдобра верзија од себеси, бидејќи ние тоа го заслужуваме.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган